Советник на Заев гневно и со навреди ја брани одлуката на властите за Бит пазар

СКОПЈЕ, 17.05.2018 – Минатата недела  на фејсбук пост објавен од страната „Во одбрана на Дебар Маало“ во поддршка на пазарџиите  Бит Пазар, а во кој се посочува на незаконитости во „реконструкцијата“ Дејан Николовски, советникот за инвестиции на Претседателот на владата на Република Македонија, Зоран Заев, гневно и со навреди ја бранеше одлуката на општинските и градски власти.

На постот кадешто „Во одбрана на Дебар Маало“  повикува на запирање на градежните работи поради прекршување на законот за Скопската чаршија и солидарност со пазарџиите коишто се избркани од местата каде што продавале по 20 и 30 години, Николовски одговори со обвинувања за недоветност и малоумност.

ZAR BASIBOZLUK I LUDILO E SOLIDARNOST JAS KAKO STAR SKOPJANEC INAM SOSEMA DRUGA PERCEPCIJA ZA TVOJATA NEDOVETNA SOLIDARNOST I HUMANOST STO SAKAS DA JA PLASIRAS GISTERCNO I

(…) DAJ MOLIMTE NE IZMISLUVAJ FRAZI I NETOCNI RABOTI KOE KULTURNO BOGATSTVO TI NE TAZLIKUVAS STATA CARSIJA OD SV. SPAS NEMA POLEMIKA SO TEBE KONSTRUKTIVNA TVOJATA ZABEGANOSTE E ZA DRUGI NE ZA LUGE KOI SE OD GRADOT ZA GRADOT I ZA NEGO, беа само дел од коментарите на советникот.

Кога му беше воочено дека планираната комерцијализација под превезот на модернизирање е  спротивно на Законот за Скопската Чаршија каде пазарот е во рамките на контактната зона на Скопската чаршија и каде се забранува зголемување на габаритот на објектите, изградба на објекти кои ќе загадуваат, исто така забрaнети се градежни работи без претходни археолошки истражувања, Николовски продолжи во истиот стил:

A PROBLEMOT OVDE NE E SAMO VASETO NEPOZNAVANJE I MANIPULIRANJE SO TERMINOLOGIJA I PARAFRAZIRANJE PROBLEMOT E SO PSIHATA I RAZUMOT ZA STO POSTOJAT STRUCNI LICA DA VI POMOGNAT, одговори „аргументирано“ советникот.

На неговиот фесјбук профил може да се забележи дека триумфално ја најавува катната гаража со 300 места над самиот Бит Пазар и дислокацијата на како што ги именува тој „дивите пазарџии“. Но во повеќе наврати самите пазарџии за Гласник изјавуваа дека не е нивна вина што останале нерегистрирани.

„Нека ни’ обезбедат некое решение, било исплаќање било легализација на местото, што било, не е проблем. “ изјавија пазарџиите за екипата на Гласник.

При разговор со луѓето кои се дел од моменталните протести, можеше да се забележи огромно разочарување од односот и постапките на сегашната влада, која според нив не е многу различна од претходната на ВМРО и дека кога се „седнува на фотеља“ се заборава на „животот“ што го ветуваа за сите.

| 2018-05-17T09:28:58+00:00 17 мај 2018|Актуелно, Вести, Скопје|