Слободен пристап до славниот стрип за епидемии ,,Црна дупка”

Во продолжение ви го претставуваме стрипот „Црна дупка“ од Чарлс Бернс. Стрипот можете да го симнете и читате бесплатно (80 страници) тука на хрватски јазик.

Стрипот „Црна дупка“ датира од почетокот на седумдесетите години во Сиетл, каде тинејџери еден по еден, преку сексуална игра се инфицирааат со сексуално пренослива болест. По сексуалните активности, младите стануваат стриповски мутанти. Добиваат мутантски израстоци, опавчиња, кожички меѓу рацете како пераи, густа шума од влакна, деформирани заби, волнени лиги, дупка по цела линија на ‘рбетот кај една девојка. Едно момче добива чудна уста на вратот кај гркланот, која е портал кон светот на авторот Чарлс Бернс. Младите кои се каснати од „бубачка“, односно болеста, се претставени како „диво месо“ во другарските кругови, забавите, општеството, и отфрлени, отпадок како странците и маргинални поединци коишто општеството не може да ги „свари“. На пример, Другиот во време на бегалска криза и добивање на третирана улога како мигрант, а не како бегалец од војни или едноставно како човеково битие со свои права за живот. На ќошот од општеството, да продолжиме, се случуваат метаморфози на телата со менување на кожа, менување на маска и лице, социјално дистанцирање, менување на сопственото тело и бегање во друг простор и време. Тоа што е сосем нормална игра на младеж. Естетиката е типична за Бернс во црно на бело, нема сиво, ниту варијанти на сивило, со потезите на четкичката, како линијата на секој потег да е дупка и отварање на простор, но простор за што?

„Црна дупка“ е препорака за читање и визуелно уживање од 30ина минути. Стрипот е споделен на хрватскиот портал fibra.hr и е на хрватски јазик. Се смета за славен стрип за епидемии.

|2020-04-11T21:03:53+00:0018 март 2020|Актуелно, Култура, Свет|