Приватниот БЕГ тужи околу 30.000 граѓани за неплатени сметки за парно, кое го немаат во домовите

Топлификација АД во минатото е приватизирана од страна на СДСМ, а од 2012 година работи како приватна фирма – БЕГ (Балкан Енерџи Груп)

Скопје, 17.01.2918 – Денеска, во Основен суд Скопје 2, се одржа последното рочиште во кое Друштвото за снабдување со топлинска енергија Балкан Енерџи Груп (БЕГ) го тужи Велимир Влаисавлевиќ, граѓанин кој воопшто се нема приклучено на топлификациската мрежа, за неподмирен фиксен долг за топлинска енергија. Влаисавлевиќ не е единствен што приватната компанија БЕГ го тужи за неплатени сметки за парно кое го нема во својот дом. Бројкана на овие тужби се проценува на околу 30.000 тужени граѓани

Застапникот на Влаисавлевиќ, адвокатот, Владимир Кацарски елаборира дека, некој не може да има статус на исклучен корисник од мрежата на БЕГ, кога воопшто во ниту еден момент, се нема приклучено на истата. Исто така, утврдено е дека, ниту една цевка за спроведување на топлина не поминува низ станот на тужениот, туку истите се поставени на надворешниот ѕид на фасадата на зградата. Понатаму, Кацарски  вели  дека, БЕГ е приватизирана компанија, којашто претходно беше во државна сопственост (Топлификација) и како приватна компанија нема законско право да наметнува фиксен надоместок кој би имал функција на јавна давачка за сопсвениците на станови на територијата на  Град Скопје.

Друг проблем што се јавува во овој спор е набавката на личните податоци. За да се превземат личните податоци на корисниците од компанијата, која пред БЕГ ја извршуваше функцијата – „Топлификација“, БЕГ мора од секој корисник да има писмена согласност, во овој случај, а и во многу други тоа го нема.

Прашањата, коишто адвокатат Кацарски ги достави до компанијата БЕГ на претходното рочиште на 17.10.2017

Од страна на БЕГ, тврдат дека тужениот Влаисавлевиќ, според закон е категоризиран како пасивен потрошувач со третман на исклучен и дека БЕГ редовно врши испорака на топлинска енергија во колективен станбен објект каде се наоѓа предметната станбена единица. Поради овие причини, тужениот е должен да го подмирува фиксниот долг за топлинска енергија.

На рочиштето, требаше да се појави законскиот застапник на Балкан Енерџи Груп, односно неговиот директор, но тој не го испочитува судот, и не се одзва на поканата.  Објавата на одлуката на судот за овој спор ќе се објави на 23 јануари.

Инаку, Влаисавлевиќ не е единствен што е тужен од страна на БЕГ по овој основ. Според проценката на Здружението за заштита на граѓански права „Но Пасаран“ , вкупниот број на тужби по оваа основа е над 30.000. Минатата година, во септември, премиерот Зоран Заев им вети на засегнатите граѓани дека во најбрз можен рок, ќе предложи начини за отстранување на овој проблем, но засега проблемите и тужбите продолжуваат.

Од друга страна пак, како решение за проблемите на граѓаните со оваа приватна компанија и снабдување на топлинска енергија за сите домови е токму предлогот за нејзина национализација.

|2018-01-17T14:00:09+00:0017 јануари 2018|Актуелно, Вести|