Повик за донација на вишокот храна на бездомните семејства

СКОПЈЕ, 01. 01. 2018 – Иницијативата Љубезност ги повикува граѓаните на кои им останала храна од прославата на новогодишната ноќ, да ја донираат на бездомниците. Повикот е објавен на фејсбук со наслов „Новогодишна трпеза за бездомниците“. Целта на оваа иницијатива е бездомните семејства во овој период да можат да ги почувствуваат празниците.

Неколку години по ред, после вечерта на новогодишната прослава, Здружението ЉУБЕЗНОСТ огрнизира собирање на храна која е вишок со цел да се донира на бездомните семејства. Не станува збор за остатоци, туку вишок на употреблива храна од домовите, рестораните и хотелите.

Од иницијативата, на фејсбук поканата истакнуваат дека, ќе се направи маршута на движење кадешто волонтерите на иницијативата ќе ја собираат храната од домовите и рестораните.

Пријавувањето на вишок храна од страна на граѓаните и рестораните може да се изврши на 01 јануари 2018 година во периодот од 14.00 до 17.00 часот на телефонските броеви 078263792 и 078322730.

Додека пак, собирањето на храната од домовите, рестораните и хотелите ќе се врши во понеделник и вторник од 17.00 до 21.00 часот.

|2018-01-01T12:29:02+00:001 јануари 2018|Актуелно, Вести|