Политиките на приватизација во Македонија продолжуваат, на ред е здравството

СКОПЈЕ, 23.03.2018 – Министерството за здравство преку јавно-приватното партнерство ќе бара инвеститори коишто ќе се вклучат во обнова на здравствените објекти, но исто така во услугата ќе влезе и обезбедување на експертиза за надградба на знаењата на лекарите, пренесува порталот СакамДаКажам.

Според информацијата која ја пренесува порталот, министерот за здравство Венко Филипче изјавил дека засега нема ништо конкретно околу понудите. Целта на отворање на овој процес ќе биде намалувањето на трошоците за изградба и реконструкција на здравствените објекти и установи.

Сепак, ниту министерот Филипче, ниту пак портпаролот на владата на Република Македонија не обелоденуваат кои ќе бидат придобивките за „партнерите“ на јавното здравство.

Методот на јавно-приватното партнерство, е еден од начините на приватизација на тоа што преостанало во служба на јавноста. Земајќи предвид дека во државава со години педа по педа влегуваше во проектите на ЈПП.

Иако властите не ги најавуваат помпезно овие проекти, се чини дека јавноста оправдано се сомнева дека власта се труди да го приватизира здравството за коешто очигледно е дека не може да најде решение за подобрување.

Се бараат концесионери и за Луна Паркот

Политиките на концесионерство продолжуваат и на ниво на општини. Градоначалникот на Град Скопје, според веста објавена во порталот СакамДаКажам, изјавува дека Градот размислува да го даде Луна Паркот под концесија и со него да стопанисува на одреден рок приватниот партнер. Луна паркот почна да се гради лани по идеен проект изработен од „Билд урбан“ ДООЕЛ Скопје, а за изведувач на градежните работи беше избрана фирмата „Жикол“.

Според информацијата која порталот ја дисеминира, проектот кошта 9 милиони евра. За политиката на концесионерство за Луна Паркот и во време на Коце Трајановски се спроведуваше истата политика иако неколку тендери пропаднаа и не се спроведе оваа идеја до крај.

Критиките за Луна Паркот дека претставува чоколадото во време кога граѓаните немаат за леб, остануваат.

Лошите кадровски решенија низ изминатите години го редуцираа раководниот квалитет. Партизацијата која во голема мера имаше димензии на деполитизација и внесување на сервилна култура во институциите, од година во година создаваше безизлезна ситуација и пред се’ економски неисплатлива за државата. На крај јавното приватно партнерство, се чини, дојде како излезна ситуација која на некој начин одговараше пред се’ на политичките и бизнис елитата.

Овој политички и економски пристап не се промени со години наназад и двете политички партии на власт кои се менуваа во последниве 27 години се придржуваат кон овие методи на концесионерство.

|2018-03-23T17:03:29+00:0023 март 2018|Актуелно, Вести, Економија|