Под мотото „Една билка, еден живот“, денес во Градски парк, кај Школка ќе се одржи КОНОПФЕСТ2018

СКОПЈЕ, 20. 04. 2018 – Денеска, во Градскиот парк во Скопје, на Школка, ќе се одржи настанот КОНОПФЕСТ 2018. Настанот ќе започне симболично во 16.20 часот. Декриминализацијата на канабисот е една од централните теми на настанот.

Здружението за канабис и зелени политики од Скопје денеска го организира настанот КОНОПФЕСТ 2018. Во рамките на настанот ќе има културни манифестации на коишто ќе учествуваат повеќе уметници/музичари.

Декриминализацијата на канабисот е тема на денешниот настан.

Здружението Билка од неодамна ја започнаа кампањата за декриминализација на канабисот. Во прилог на тоа, одржаа две научни дебати со претставници од правосудниот систем и со лекари од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ од Скопје.

Оваа година мотото на КОНОПФЕСТ 2018 е „Една билка, еден живот“, а ќе се одржи на Школка во Градскиот парк во Скопје. КОНОПФЕСТ 2018 започнува во 16.20 часот, а ќе трае до полноќ. Листата за настапот на уметниците е на овој линк.

|2018-04-20T10:24:35+00:0020 април 2018|Актуелно, Вести|