Organizata Politike од Албанија: „За два дена двајца рудари усмртени, ова е убиство“

АЛБАНИЈА, 17.04.2018 – Во текот на изминатите неколку дена двајца рудари загинаа во рудници во Албанија за време на ископување на руда со експлозивен материјал. Од „Политичката организација“ (Organizata Politike) во Албанија смртта на работниците ја нарекуваат убиство и ги повикуваат работниците на протести и поголема солидаризација со работниците од овие рудници.

Едниот од двете жртви на рудниците беше вработен во компанијата „Дема – Патин“ во рудниците на Клос. Работникот П.М. (57) загинал од распрскување на експлозивна направа.

Еден ден потоа (14 април), во рудникот во Булзиќ, загина 52 годишиот рудар Ангелин Шахини.

Во Албанија, Политичката организација (Ogranizata politike) смрттните случаи на работниците во рудниците ги нарекува убиство и повикува на протести.

Тие сметаат дека приватизацијата е причината за убиството на овие работници. Малите инвестиции во унапредување на техничките помагала и немањето сигурносна опрема, но исто така и гладта за профит на сопствениците на рудникот и на државата се едни од причините за овие, како што велат од организацијата – убиства.

Од Политичката организација од Албанија преку својот фејсбук профил упатуваат повик до работниците да протестираат се’ до остварување на нивните права.

| 2018-04-17T11:05:24+00:00 17 април 2018|Актуелно, Вести, Свет|