ОН: Конфликтите и климатските промени причини за зголемување на гладот во светот

Вооружените конфликти и климатските промени се причина за порастот на гладот во светот за прв пат овие десет години, според новиот извештај од Обединетите нации.

Според извештајот на ОН,  во 2016 со неухранетоста и несигурност на прехраната се соочувале 815 милиони луѓе ширум светот. Тоа е значително зголемување од 777 милиони претходната година. Повеќето од земјите во кои луѓето најмногу страдаат од глад биле погодени од вооружени конфликти. Конфликтите меѓу вооружените групи се зголемија за 125 отсто од 2010 година Тие често пати прераснуваа во поголеми војни кои ги погодија земјите како што се Јемен, Нигерија, Сомалија и Јужен Судан. Овие земји се соочија со глад неколку месеци во текот на оваа година.

Авторите на извештајот се загрижени дека влошувањата во врска со гладот може да ја поткопаат генералната цел на ОН за потполно истребување на гладот и неухранетоста до 2013 година:

„Оваа ситуација крена аларм што не можеме да си дозволиме да го игнорираме,”  велат авторите на извештајот, кои претставуваат пет агенции на ОН. „Ние нема да ставиме крај на гладот и сите форми на неухранетост до 2030 година, освен ако не ги решиме сите фактори кои ја поткопуваат безбедноста на храната и исхраната. Обезбедувањето мирни и инклузивни општества е неопходен услов за таа цел.”

Климатските промени доведоа до хроничен глад низ целиот свет, особено на места погодени од суша и поплави. Дури и на места кои во моментов не се погодени од тековните борби, според извештајот, климатските промени може да имаат домино ефект врз регионот предизвикувајќи конфликт за ограниченото плодно земјиште и вода, што пак води до несигурност во храната.

Борбата за плодно земјиште и вода е идентификувана како потенцијална причина за конфликти… Се проценува дека во изминатите 60 години, 40 отсто од граѓанските војни се поврзани со борба за природните ресурси.

|2017-09-18T17:03:57+00:0018 септември 2017|Актуелно, Вести, Свет|