Од кратење на платите на полските мигранти до претседател на САД; Еве како се збогатил Трамп

За оние малкумина кои се’ уште веруваат во капиталистичкиот поредок како излез од моменталната социјална, економска и еколошка криза во светот, Трамп е херојот на нашето време. Од успешен бизнисмен до командант на најмоќната армија на светот која има воени бази во речиси стотина држави членки на Обединетите Нации.

Но, малкумина го знаат вистинскиот извор на неговото богатство. Американското списание Јакобин неодамна објави статија во која открива дека најголемиот проект на Трамп, познат како кула на Трамп во Њу Јорк е всушност изградена со експлоатација на полски мигранти кои работеле без документи, а биле малку платени. Тие работелe 12 часа на ден рушејќи ја зградата во 1980 во која имало токсичен азбест и на чие место е изградена познатата Трамп кула која на Трамп му дoнела огромно богатство. Голем дел од овие 200 полјаци не биле ниту платени и го тужеле повеќе од една деценија. Приказнава потсeтува на Македонија. Неисплатени плати, а огромни профити за газдата. Вистинското лице на капитализмот.

Сличен пример е градењето на зградата Трапм Сохо повторно во Њу Јорк каде наместо полјаци Трамп ги искористи украинските мигранти. Еден од нив поради слабите безбедносни мерки го загуби својот живот паѓајќи од скелето.

Трамп е урбаната мафија на Њу Јорк. Во 1980 година го уништил историскиот Комодоре Хотел и на негово место го изградил хотелот Гранд Хајат. Неговиот татко бил поврзан со градските власти и на Трамп му е овозможено неплаќање на данок во период од 40 години. Граѓаните на Њу Јорк дури плаќаат 1 милион долари сметки на вода за Трамп кој од градските власти добива секакви поволности последните 3 децении.

Тој успеал дури да изгради игралиште за голф со парите на градот. Биле платени 230 милиони долари од страна на градот да го исчистат просторот во Бронкс каде Трамп потоа изградил само еден објект. Бронкс е едно од најсиромашните предградија на Њу Јорк.

За проектот Трумп Вилиџ корпорацијата на Трамп извршила експропријација на државна земја каде живееле илјадници семејства на афроамериканци.

Трамп е само еден пример како навистина капиталистите се збогатуваат. Честопати слушаме приказни за нивната способност и посветеност, но реалноста е дека тие се само криминалци кои наоѓаат поддршка во корумпираните локални и национални власти.

Извор: Јаcobin/How the Trumps Got Rich/

| 2018-04-26T11:45:21+00:00 26 април 2018|Актуелно, Економија, Свет, Став|