Невидливата рака на Адам Смит на дело

Пишува Кореј Робин

Од сите реченици што ги прочитав за приказната на Харви Вајнштајн, оваа од „Њујорк тајмс”, беше најточна:

Поетаблираните актерки се плашеле да зборуваат, бидејќи имале работа; помалку етаблираните биле исплашени затоа што немале работа.

Во буквално секој репресивен режим на работното место – и други видови на угнетувачки режими – го гледате истиот феномен. Аутсајдерите, од удобноста и леснотијата на нивната положба, се прашуваат зошто никој во режимот не се противи и не си замине; инсајдерите знаат дека не е толку лесно. Секој во режимот – а особено неговите жртви – има многу добра причина да молчи. Секој има многу добра причина да мисли дека кревањето на гласот е работа на некој друг.

Оние кои се наоѓаат на дното на режимот, помалку етаблираните актерки имаат потреба од многу, гледаат нагоре и се прашуваат зошто оние над нив, постабилните актерки кои имаат потреба од помалку, не зборуваат против неправдата: поетаблираните имаат моќ, зошто не ја користат, од што се плашат?

Оние кои се на повисоко ниво на скалилата, етаблираните актерки, гледаат на оние на дното и се прашуваат зошто не зборуваат против неправдата: немаат што да изгубат, од што се плашат?

Ниту едните ниту другите не грешат; и двете групи точно размислуваат и дејствуваат врз основа на нивните објективни ситуации и интереси. Ова е една од причините зошто колективната акција против неправдата и угнетувањето е толку тешка. Станува збор за Невидливата рака на Адам Смит на дело (и во двата погледа), без среќен крај: секој ги следи своите лични интереси како поединец; резултатот е општествена катастрофа.

Извор: Jacobin

|2017-10-27T19:49:49+00:0025 октомври 2017|Вести, Свет|