Наместо прибежиште во случај на земјотрес, скопските паркови се претворија во луксузни хотели и згради


СКОПЈЕ, 26.07.2018 – Првите прибежишта на скопјани за време на земјотресот беа отворените простори, улиците, парковите. Тоа беа простори каде не постоеше опасност од објектите кои се претвораат во густ облак прашина. Не случајно по земјотресот не се штедеше простор за паркови и зеленило.  Една година по промената на власта и ветувањата дека ќе се расчисти со Скопје 2014 парковите во Центарот на градот се уште запоседнати од згради. Зеленилото околу плоштадот се уште е узурпирано како и она околу хотелот Бристол. Дали новите градски власти и Владата ќе ги отстранат овие објекти и криминалот поврзан со нивното градење? Кога ќе му ги вратиме на Скопје парковите коишто на нелегален начин се узурпираа? Очигледно ваквите очекувања се далеку од реалноста. Стариот режим и новиот во создавање му слугуваат на капиталот во чија што репродукција експлоатацијата на рабтникот и уништувањето на јавните простори се само една колатерална штета. Сеќавањето за жртвите од земјотресот и светска солидарност којашто помогна во градењето на градот да ни служи како пример дека возможен е еден поинаков град, град кој нема да биде граден со цел да се оствари профит.

|2018-07-26T15:39:47+00:0026 јули 2018|Актуелно, Вести|