На предвремените избори во Ирак, победи сојузот на Садристите и Комунистичката партија во Ирак

БАГДАД, 15. 05. 2018 – На предвремните парламентарни избори во Ирак, кои се одржаа во неделата, победи сојузот предводен од движењето на Муктада Ал-Садр и останатите секуларистички движења и поединци предводени од страна на Комунистичката партија во Ирак. Во центарот на политичката програма стојат анти-секташките политики и системски промени, борба со сиромаштијата и корупцијата и поголема егалитарност за граѓаните на Ирак.

На одржаните предвремени парламентарни избори во неделата во Ирак победата ја однесе шиитскиот клерик Муктада Ал-Садр (Muqtada al-Sadr).

Саерон сојузот кој го претставуваше Ал-Садр конкурираше во 16 од 18 провинции во Ирак. Во Дохукун и Киркук не излегоа со кандидатски листи.

Ал-Садр е познат по неговите анти-американски и анти-иранските ставови. Во минатото бил предводник на две востанија против американските сили во Ирак, но исто така тој во минатото и сега јасно се дистанцира од иранската држава.

Во Багдад, во неделата се прославуваше победата исто така и од страна на Ирачката Комунистичка партија која е во сојуз со движењето на Ал-Садр.

Помеѓу многуте избраници на изборите во неделата има и значителен број на жени претставнички на Комунистичката партија.

Овој сојуз има и јасни секуларистички компоненти во својата програма но и начин на дејствување.

Централните политики на Саерун сојузот (Saeroun Alliance) е реформирање на секташкиот политички систем, кој е воведен од страна на американската окупација во средината на 2000-тите. Борбата против корупцијата е исто така еден од централните столбови на кои ќе се градат политиките од страна на овој сојуз.

Борбата против сиромаштијата е клучната област на социјалните политки. Според извештаите на ирачката влада, 33% од ирачките граѓани кои се сиромашни, немаат пристап до безбедна вода за пиење. Околу 29% од сиромашните лица на возраст од и на над 10 години немале пристап до основно образование.

Последен пат кога Ирачката Комунистичка партија имала значителна улога во ирачката влада било во владата на Касем (Qassem) во периодот 1958-1963 година.

|2018-05-15T10:51:45+00:0015 мај 2018|Актуелно, Вести, Свет|