На националистичките протести во Грција, нападнат и запален левичарски автономен центар

ГРЦИЈА, СОЛУН, 22. 01. 2018 – Вчера во Солун, од страна на фашистички групи за време на националистичките протести беше изгорен автономниот центаср (сквот) Либертатиа, јавуваат грчки автономни гласила. Подоцна националистите ја нападнале и Отворената школа којашто важи исто за автономен простор во кој на солидарен начин се организираат и се споделуваат вредности и вештини.

Протестите беа организирани од страна на националистички групи, но истите беа поддржани од страна на Грчката православна црква. Протестите се одржаа со цел да го нагласат нивното противење за преговорите за името. Овие протести им дојдоа како „кец на десетка“ на политичарите и активистите блиски до Златна зора.

Во исто време, антинационалистички левичарски групи во Грција, организираа паралелен протест на кој со јасни транспаренти укажуваа на тоа дека, Македонија не е Грција и оти се за признавање на македонското малцинство во Грција.

|2018-01-22T11:06:59+00:0022 јануари 2018|Актуелно, Вести, Свет|