На денешен ден е родена Силвија Панкхарст

На 5 Мај во 1882 година, во Манчестер е родена Силвија Панкхарст. Таа e британска феминистка, антифашистка и лева комунистка. Таа e ќерка на познатата суфражетка Емелин Панкхарст. Силвија останува незадоволна и разочарана од мејнстрим движењето, па се фокусира во организирање на жените од работничката класа.

Таа била против Првата светска војна и ја поддржала кампањата против регрутацијата дури и кога Женската социјална и политичка унија им дава поддршка на Сојузниците. Силвија ја поддржува и Руската револуција и патува до Русија и се среќава со Ленин. Како крајно десничарски потег, го оценува банкротирањето на Комунистичката партија на Велика Британија од страна на Ленин.

Подоцна, таа ги поддржува антифашистите во Шпанската граѓанска војна, им помага на Еврејските бегалци од нацистички окупираната Европа и е многу активна во кампањите против италијанската инвазија на Етиопија. Тајните служби ја мониторираат цели декади,   а пак МИ5 во 1948 (Службата за внатрешна безбедност на ВБ) бара различни начини да ја „замолчи здодевната мис Силвија Панкхарст“.

По смртта на нејзиниот другар, Силвија таа се сели во Етиопија по покана на Хајле Селасие, а по нејзината смрт во 1960 година добива државнички погреб.

Додека мајка ѝ и сестра ѝ добиле комеморации во Парламентот во Лондон, Горниот дом на лордовите неколкупати ставил вето на одлуките за одредување на спомен обележје на Силвија Панкхарст.

Преземено од Working Class History.

Превод: Никола Ристевски

|2020-05-05T11:33:19+00:005 мај 2020|Актуелно, Вести, Свет|