Ново видео „Мигранти, ние ја вршиме работата одлично“

Ова видео е од оние што го продуцираа музичкото-сценско дело Хамилтон, коeшто беше сензација во САД. Мјузиклот беше особено популарен помеѓу либералите во САД коишто плаќаа стотици долари да ја видат изведбата, вклучувајќи ги Мишел и Барак Обама. Сега, Лин Мануел Миранда, продуцентот на Хамилтон ја продуцира песната и видеото Мигранти, ние ја вршиме работата одлично. Дефинирањето на мигрантите како работници е една поинаква перспектива од вообичаеното. Ова покажува дека во САД дискурсот се повеќе се наклонува кон идеити за социјална правда и работнички права, па дури и кон социјализмот. Што мислите вие?

Погледнете го видеото тука

|2017-07-02T13:22:11+00:002 јули 2017|Вести, Свет|