Одговорноста на западната инвазија на Ирак за убиствата на ЛГБТИ луѓе

Автор – Амру Ал-Кади (Amrou Al-Kadhi), пренесено од Independent

Вчера во Багдад, ирачкиот глумец Карар Нуши (Karar Nushi) беше убиен заради гласини за неговата хомосексуалност. Тој претходно добивал смртни закани заради неговата „трансгресивна појава“ – особено заради неговата долга коса– и беше пронајден брутално прободен на централна улица во Багдад.

Ова е страшен инцидент, но сепак ова е сè почеста појава од западната инвазија на Ирак во 2003 година. Хуманитарните извештаи  проценуваат дека помеѓу 2004 и 2009, 680 луѓе биле убиени заради родов и сексуален не-конформизам. Според Амир Ашоур, основачот на IraQueer – организација за подршка на ЛГБТ+ граѓаните на Ирак– квир луѓето се јавно експонирани од ИСИС со јавно поставување на нивните имиња на ѕидовите во Багдад. „Во некои делови на земјата, само ако се открие дека познавате квир личност, може да биде многу опасно.“

Амир објаснува дека на една од овие „листи за отстрел …  вината на еден човек може да биде неговата долга коза. Сè што е потребно е перцепираната идеја за нечија сексуалност, или перцепираната идеја за нечија родова експресија,“ за да се биде убиен. „Сторителот“ Амир за кого зборуваме беше женет хетеросексуален маж со деца, чија што блага варијација на мажественоста резултираше со негова егзекуција.

Јас сум квир ирачанец, и се чувствувам многу привилегирано што живеам слободно во Лондон кога ја слушнав оваа вест. Но внимателно гледам на климата на западната исламофобија каде ваквите инциденти се кооптирани од страна на екстремната десница заради поттикнвуање на ксенофобија. Секако, тие го кријат нивниот екстремизам како „борба за зачувување на западниот либерализам,“ и често ми кажуваат дека сум благословен зашто западот ме спасил од мојата варварска татковине. Геј гласот на радикалната десница – Мило Јанопулос е еден одвратен пример на некој што ја правда исламофобијата како „заштитување на граѓанските слободи.“

Додека „борбата против екстремизмот“ е релативно нов епитет на западната демократија, треба да се запрашаме самите – која беше улогата на западот во екстремизмот во Ирак?

Насилството против ЛГБТИ+ луѓето во Ирак драматично ескалираше  после западната инвазија во 2003, и тоа не е случајност. Исто како што радикалната десница ги користи ЛГБТИ+ правата за да шири расизам, ИСИС ги користи ЛГБТИ+ луѓето како алатка за ширење анти-западна омраза. Одбојноста кон западот е потентна на ирачкото тло – што очекувавме откако уништивме цела цивилизација без никаква причина? И хомосексуалноста беше претставена како западен извоз. Тимот на Амир гледа на терен како ЛГБТИ+ телата се претворани во оружје од страна на ИСИС како симптом на западната корупција на Ирак. Се чини дека каде и да гледате, квир телата се жртвени јагниња за екстремизмот. Дали толку малку вредиме?

Многумина се зачудуваат дека во Ирак не е нелегално да се биде ЛГБТИ+ личност. Ова е од особено задоволство за нашето бедно Министерство за внатрешни работи на Обединетото кралство (Home Office) – прогонувано од духот на службата на Тереза Меј – која ги користеше легислативните специфичности за да го одбива ЛГБТИ+ лицата баратели на азил од Ирак. Во 2010, на пример, Имиграциската група на лезбејки и геј од Обединетото кралство откри дека 98-99 проценти од ЛГБТИ+ апликации за азил во ОК биле одбиени. Уште овој април – 2017, Хоум офис уапси 30 ирачки бегалци – од кои на многумина животите им се загрозени во Ирак – присилувајќи ги на заминување со авион без преговори.

Тешко е да се прифати сево ова без да заплачете: западот уништи некогаш славна цивилизација, имаше улога во допуштање на ескалација на насилствата од омраза кон ЛГБТИ+ лицата на туѓа земја, но сепак одбива да им помогне на оние чии што животи сега се загрозени заради тоа. Згора на сè, западот се претставува себе си како бастион на граѓанските слободи. Ова е слично како нашето селективно заборавање дека хомофобијата во Африка и Индија делумно произлегува од идеологијата на британскиот колонијализам – многумина сега негодуваат за „примитивните“ однесувања надвор.

Немојте да бидете каконив. Затоа што имате привилегија што живеете на западот, направете сè што можете за да овозможите безбедност за оние во чие што загрозување имаме удел. Јас би ве повикал да почнете со итни донации за организацијата на Амир –  IraQueer.

|2017-07-10T10:34:51+00:0010 јули 2017|Свет|