Левица со протест за одбрана на работничките права

Неколку стотици граѓани меѓународниот ден на трудот го прославија со протест по улиците на Кавадарци. Организатор на протестот бее политичката партија Левица. Од Левица пренесуваат дека целта поради која протестот е организиран токму во Кавадарци е отпуштањето од работа на членот на Левица Орданчо Бошковски од Фени.

„Непочитувањето на работничките права доведе до овој тоа нашиот член да Орданчо да биде истеран од работното место без претходно да се почитуваат правата но и процедурите околу отпушање на работници од работен однос“ истакна Здравко Савески член на Президиумот на Левица.
Бошковски, ја нагласи потребата за борбеност и за истрајност во однос на овој проблем кој е многу чест во Република Македонија. Заедничката борба околу остварувањето на овие права е многу значајна. „Таа борба може да се оствари само преку работничко вмрежување и солидарна акција“ заврши Бошковски.

Фотографиите од настанот можете да ги преземете тука.

 

| 2017-05-23T12:37:30+00:00 4 мај 2017|Вести|