Квир анархисти, во борба против ИСИЛ во Сирија

Геј анархисти војуваат против ИСИЛ во Рака, град кој се наоѓа на север на Сирија. Нивната единица е наречена КБОА: „Квир бунотвничко-ослободителна армија“ (TQILA – The Queer Insurrectionary Liberation Army). Оваа армија е создадена и составена од геј волонтери, истата претставува подгрупа на анархистичките движења во склоп на Интернационалните ослободителни батаљони.

Првата жена борка, која била измачувана пред да биде убиена во 2015 година, се вика Ивана Хофман. За неа се знае дека се изјаснувала како лезбејка, но исто така дека има многу геј борци во рамки на анти ИСИЛ коалицијата. За некои се зборува дека се многу горди и дека имаат создадено своја специфична геј единица.

|2017-07-24T18:40:24+00:0024 јули 2017|Вести, Свет|