Конференција: Чија Револуција?

По повод две годишниот јубилеј од петто мајските протести во 2015, Институтот за социјални и хуманистички науки од Скопје организираше конференција на тема  Чија револуција?“ (Whose Revolution?).  Конференцијата е организирана во  два панели со говорници од државава и странство, а се одржуваше во „Кино Култура“ во Скопје.

Насловот на денешниот панел е „Минати и тековни револуции: дисконтинуитет и социјална промена“ (Past and present Revolutions: Discontinuity and social change). Главна тема на конференцијата е  реобмислувањето на поимот револуција повикувајќи се на искуства од протести коишто имаат потенцијал да предизвикаат револуционерни политички промени.

Панелистите зборуваа за нивните искуства од Македонија, Србија и Хрватска и Романија.

Главен заклучок од денешниот панел е дека борбата против капитализмот е борба за промена на политичкиот систем и хуманизација на  општествата и светот во кои живееме.

Во досегашниот тек на конференцијата може да се забележи недостаток од искуствата на оние кои на некој начин извојувале некоја помала или поголема победа против постојниот систем. Имено, отсутни беа работници кои преку работничко и синдикално солидаризирање извојувале некаква институционална или вонинституционална победа против постојниот економски систем. Во иднина ваквите конференции треба да го посветат своето внимание на практиката  напоредно со дискусиите околу теоријата.

Вториот панел продолжува и утре, на 6 мај, со панелот насловен Актуелноста на Револуцијата и нашите дилеми на сегашноста (The actuality of Revolution and our current predicament).

 

 

 

|2017-05-23T12:36:16+00:008 мај 2017|Вести|