Кичот на Рама како варијанта на кичот на Груевски

Бившиот премиер на Македонија, Никола Груевски, реализираше еден архитектонски проект во центарот на Скопје наречен „Скопје 2014“, за кој не се знае точно колку коштал, но се зборува дека цифрата е приближно 700 милиони евра. Тој изградил еден број нови градби музеи, архив, нова црква во Македонија итн., со неокласичен стил, необарокен, неоромантичен; изградил грандиозни монументи на Александар Велики, на неговиот татко Филип, мајката Олимпија, на фигури на христијанството како свети Кирил и Методиј, св. Наум, на историските ликови како царот Јустинијан, на хероите на независноста на Македонија, се’ до Мајка Тереза. Освен новите градби, извршил и промена на фасадите на некои од зградите изградени главно во 70-тите години, променувајќи им го изгледот од модернистички стил од тоа време, во старите стилови. Визијата на овој проект бил да му даде на Скопје изглед на главен град на една држава со еден историски континуитет што започнува од Александар Велики, исто така да го направи сличен во изгледот со останатите европски градови од 19 век, кога во многу европски места се изградија националните држави и на плоштадите на тие градови се поставуваа монументи на национални херои.

Слегувајќи до Старата убава Скопска чаршија, што го носи печатот на неколку вековната историја на градот, останав вџашен – исто како што и голем дел од останатите посетители со кои разговарав таму – пред ова измислено Скопје, кое нема никаква врска со историјата на градот. Се исмевав исто и со обидите на албанците за одговор на Груевски за Александар Велики во центарот на Скопје, измислен тука во ќошот, кајшто поставиле еден монумент на Скендербег преземен од моделот на Круја. Вистинскиот град Скопје на мудрите граѓани, бил тој од Шаршијата, населен од прадедовци албанци и турци муслимани, бил тој македонскиот кајшто живеат главно во зградите после земјотресот, го гледаш шеговито ова ново Скопје, град кој наликува на еден грандиозен детски парк преполн со играчки, или на една голема торта преполна со кремасти орнаменти на скулптури од чоколада кои не може да се изедат поради големата количина на шекер.

Во „Скопје 2014“ може да се пронајде најилустрирачкиот изглед на „кич“ уметничка архитектура : една уметност којашто сака да ја имитира големата уметност банализирајќи го преку самиот чин на имитација; една уметност која, дури и кога технички може да биде достигната, останува површна; една уметност којашто работи со ефектите, кои во однос на можноста треба да се многу брзи и многу спектакуларни: една уметност што работи со стереотипи затоа што е калкулирана, за да им се допадне на вкусовите на некултивираните луѓе.

**

На прв изглед проектот на Рама за Тирана, – кој никогаш не е претставен целосно, туку само преку „дивата“ работа на премиерот за да ги урива чекор по чекор градбите на историската Тирана и да ги замени со кули, изгледа како нешто спротивно од проектот на Груевски. Зградите коишто тој ги има изградено во центарот на градот (или коишто има намера да ги изгради) не се во стилот на старите времиња со цел да ја направи Тирана да изгледа како европски град од 19 век, и нема намера да фабрикува нов национален идентитет. Тие го содржат потписот на архитектите на глобализмот, потоа, тие се копија на згради коишто можат да се видат во Кореа, како што е театарот за кој се предлага да го замени Националниот Театар, во Кина или во модерната Москва, како што е Стадионот со кула; или на облакодерите коишто можеме да ги пронајдеме секаде во светот.

Но, иако е толку далеку од видикот, и двата проекти имаат нешто заедничко во корените што ги прави две варијанти на кичот. И кај двата проекти го наоѓаме феноменот на баналната имитација на тоа што е произведувано во западните земји. Доколку Груевски сака да ги имитира центрите на главните европски градови изградени во 19 век, Рама сака да го преобрази центарот на Тирана во место на еден куп облакодери според „downtown” моделите чие потекло е од САД. Исто така, во двата проекти се „игра“ со стереотипизираните разгледнички имажи во умовите на обичните граѓани: Груевски игра со разгледниците на историските центри на европските градови, Рама со разгледниците со облакодери подигнати во имагинацијата на луѓето од изгледот на Менхетн. Но, и допирот на националистичките страсти на овие луѓе не недостига во проектот на глобалните архитекти на Рама, задлабочувајќи го нивниот вака кичест елемент. Конечно погледнав еден клип каде еден од овие архитекти, холанѓанецот Winy Maas, вели дека по барање на премиерот, помислил да изгради една кула во центарот на Тирана со изглед на главата на Скендербег. Додека, на едно друго интервју за медиумите рече: „Првата кула што ја правиме, ќе ја има картата на Албанија“. Потем, дополнува дека е заљубен во албанското знаме. „Тоа е најсекси знаме што јас лично сум го видел некогаш, многу е подобро од холандското“. Вака значи, доколку кичот на Груевски е наречен националистичка „антиквизација“ на градот затоа што на Скопје му дава еден изглед како да има егзистирано една стара европска историја на градот; кичот на Рама може да се нарече „ласвегасизам“, „winimaasism” или националистичка „глобализација“ на градот. Доколку кичот на Груевски има за цел да им обезбеди на луѓето едно сценарио за една слика со лажна историја, немајќи врска со историјата и со нивните вистински животи и контекстот на таа територија, кичот на Рама, во истиот дух, цели да им обезбеди едно ново сценарио за една слика на формата, но и овој е без врска со историјата, контекстот на територијата и вистинскиот живот на луѓето.

Исто така, во двата проекти, може да се забележи делиричната амбиција на властодржецот за создавање на нов идентитет на главниот град што доминира над идејата за стариот идентитет маргинализирајќи ги (во Скопје) или урнисувајќи ги (во Тирана). Би рекол дека во проектот на Рама, потрагата по „итниот идентитет“ како карактеристика на кичот е посилен, затоа што неговите облакодери, од преголемината што ја имаат во однос на останатите згради, го привлекуваат целосното внимание погребувајќи ја секоја останата зграда покрај нив. Не е тешко да се замисли, поставени под сенката на масивните и високи облакодери околу хотелот Плаза, симболите на историска Тирана како комплексот на џамијата на Етхем Беу и на саат кулата, зградите на министрите, Домот на културата – референтна точка на неколку генерации – ќе изгледаат како неупотребливи играчки во овој гигантски парк. Истиот „ефект“ го предизвика и новиот стадион со кичесто име „Национална Арена“ (како имитација на „Allianz Arena”, според вкусот на многумина албанци што се фанови на Германција) до монументалниот комплекс покрај плоштадот Мајка Тереза. Истиот ефект го предизвикува и кулата “Ever Green” на историската зграда на Националната Банка и останатите згради одоколу; овој ефект се очекува да предизвика уште една кула одобрена на точката кадешто се доближуваат патот за Драч со тој на Каваја, за да го погреба Националниот Музеј. Истиот ефект го предизвикува и новиот плоштад Скендербег (но за ова ќе напишам засебен текст).

Имаме работа со едно непопоравливо деформирање, што од урбанистичко-архитектонска гледна точка е последица на поставување на овие нови згради во погрешен контекст. Тоа е една деформација којашто можеме да ја пронајдеме насекаде низ хаотичните згради на Тирана, каде градоначалникот на Рама подигнал безброј десеткатни палати, помеѓу четирикатните комунистички згради, или помеѓу вилите од постарите времиња, но и во центарот каде оваа деформација е кичеста во естетичката претензија којашто ја има.
Во врска со овие феномени на производство на кичот, познатиот бугарски антрополог Ивајло Дичев вели, „еден век Балканските политичари следат културни политики, што во суштина одат во правец на производство на кичот, како импортација и банална имитација на некои работи коишто се произведувани порано на запад“. Причината зошто оваа кичеста форма е толку бучна на Балканот, Дичев ја објаснува со два аргументи: Прво, „затоа што таму елитите не се легитимни. Оваа елита во многу случаи е на чело крајно случајно и преку многуте хаотични околности. Земајќи предвид дека таа елита нема вистински извор, внатрешен, за да остане на власт, се труди преку очајни обиди да се „фати“ на некој „надворешен свет“, со што би го легитимирала него. Надворешната култура, иако имитирана на банален начин, се употребува на ваков начин за да стави еполети на униформата на власта.“. Второ, затоа што преку овој кич „луѓето го забораваат вистинскиот контекст на нивната егзистенција и живеат помеѓу една исценирана слика, која е создадена специјално за нив“.

Знаеме ние како го познаваме Еди Рама во неговата дваесетогодишна работа, човек кој работи без престан за да стави меѓународни еполити на олигархиската корумпирана власт и криминализирани, создавајќи исценирани слики измамувајќи ги албанците.

**

Освен социјалниот – културниот – архитектонскиот аспект, што ги разглобив погоре, „Скопје 2014“’ на Груевски и проектот на Рама за центарот на Тирана, имаат и две заеднички работи, што исто ги прават опасни политички проекти.

На почеток и двата проекти се импонирани со силата на гласот на мнозинството, носејќи со себе разединување на општеството, а истовремено центарот на градот треба да е место во коешто ќе се обединуваме. Не постои нешто што е пообединувачко од заедничката вековна историја на еден центар. Насилното негово урнисување, од едните против другите, со паролата „над урнатините на стариот свет, го подигаме новиот свет“, како што се случувало и порано во Тирана, остава длабоки рани што подготвуваат други уништувања и рушевини.

Второ, според најинформираните лица, во „Скопје 2014“ немавме работа само со еден делиричен проект на измислување идентитет, туку, позади оваа фасада, стоеше голем коруптивен проект, затоа што јавните средства истурени како река, тука се споделија помеѓу клиентелата на Груевски. „Скопје 2014“ е цената којашто ја плати градот за Груевски и неговите да продолжат да владеат.

Претерано би било да давам уште докази и аргументи – затоа што многу е пишувано во последно време за ова – како уништувањето на историската Тирана, што достигнува една кулминација со проектот на уништувањето на Националниот Театар, се цената којашто треба да ја плати градот за Рама и неговата криминална олигархија којашто е со него да продолжат да владеат.

Автор: Фатос Љубоња

Оригиналниот текст можете да го прочитате на албански јазик на овој линк.

| 2018-08-06T08:34:53+00:00 3 август 2018|Актуелно, Скопје, Став|