Како Мао Ќе ги оценеше „Жолтите елеци“ – Славој Жижек

Француското движење „Жолти елеци“ изложува еден проблем во срцето на денешната политика. Преголемото придржување кон јавното „мислење“ и недоволно иновација и свежи идеи.

Дури и бегол поглед врз збрката ни појаснува дека сме фатени во повеќе социјални борби. Тензијата помеѓу либералниот естаблишмент и новиот популизам, еколошката борба, напорите да се поддржи феминизмот и сексуалното ослободување, дополнително етничките и религиозните битки и стремежот за универзални човечки права. Да не спомнуваме, обидот за спротивставување на дигиталната контрола врз нашите животи.

Па, како да ги доближиме сите овие борби заедно без притоа едноставно да привилегираме една од нив како “вистинскиот“ приоритет? Бидејќи оваа рамнотежа го обезбедува клучот за сите други борби.

Стари идеи

Пред половина век, кога Маоистичкиот бран бил во неговиот пик, дистинкцијата на Мао Це Тунг помеѓу „примарните“ и „секундарните“ противречности (од неговата расправа „За контрадикциите“, напишана во 1937) беше заедничка референца во политичките дебати. Можеби оваа дистинкција заслужува да биде вратена во живот.

Да почнеме со едноставен пример: Македонија – што се крие во едно име? Пред неколку месеци, Владите на Македонија и на Грција склучија договор за тоа како да го решат проблемот со името „Македонија“. Треба да се промени во „Северна Македонија“.

Ова решение веднаш беше нападното од радикалите во двете држави. Грчките опоненти инсистираа дека „Македонија“ е старо грчко име, а Македонските опоненти се почуствуваа понижено со тоа што беа редуцирани на „Северна“ провинција, со оглед на тоа што тие се единствените луѓе кои што се нарекуваат „Македонци“.

Несовршено, какво што беше, решението понуди зрак на надеж дека ќе се заврши една долга и бесмислена борба со разумен компромис.

Но, тоа беше фатено во друга „контрадикција“ – борбата помеѓу големите сили ( САД и ЕУ на едната страна, Русија на другата страна). Западот направи притисок на двете страни да го прифатат компромисот со цел Македонија да може брзо да се придружи на ЕУ и НАТО, додека, за буквално истата причина (гледајќи во него опасност за губење на свое влијание на Балканот), Русија се спротистави, поддржувајќи ги до одреден степен конзервативните националистички сили во двете држави.

Па, која страна овде треба да ја заземеме? Мислам дека треба одлучно да ја заземеме страната на компромис, поради едноставната причина дека тој е единственото реално решение на проблемот. Русија се спротистави единствено поради своите геополитички интереси, без да понуди друго решение, па поддржувањето на Русија овде ќе значеше жртвување на разумното решение на единствениот проблем на македонските и грчките односи со меѓународните геополитички интереси.

Игри на моќ

Ајде сега да го погледнеме апсењето на Монг Вонжоу, главната финансиска директорка на Huawei и ќерката на основачот на фирмата, во Ванкувер. Таа е обвинета за кршење на американските санкции против Иран и се соочува со екстрадиција во САД, каде што таа би можела да биде затворена дури до 30 години ако биде прогласена за виновна.

Што е тука вистинито? Многу е веројатно дека, на еден или друг начин, сите големи корпорации дискретно ги кршат законите. Но, повеќе од евидентно е дека ова е само „секундарна контрадикција“ и дека тука се одвива уште една битка. Таа не е за трговијата со Иран, туку таа е за големата борба за доминација во производството на дигитален хардвер и софтвер.

Она што Huawei го симболизира е Кина која повеќе не е Foxconn Кина, местото на полу-робски труд кој составува машини развиени на други места, туку место во кое што исто така се создава софтвер и хардвер. Кина го има потенцијалот да стане многу посилен агент на дигиталниот пазар отколку Јапонија со Sony или Јужна Кореја со Samsung, преку економска тежина и бројки.

Но, доволно со поединечни примери. Работите стануваа покомплексни со борбата за универзалните човекови права. Тукaја добиваме контрадикцијата помеѓу поборниците за овие права и оние кои предупредуваат дека, во нивната стандардна верзија, универзалните човекови права не се навистина универзални туку имплицитно ги привилегираат западните вредности (индивидуалците имаат предност пред колективите, и тн.) и оттука тие се форма на идеолошки неоколонијализам. Не е чудо што повикувањето на човековите права послужи како оправдување на многу воени интервенции, од Ирак до Либија.

Поддржувачите на универзалните права се спротивставуваат со тоа дека нивното одбивање често служи да се оправдаат локалните форми на авторитарно владеење и репресија како делови на одреден начин на живот.

Компромисот на златната средина не е доволен, па универзалните човекови права треба да се преферираат поради многу конкретна причина. Димензиите на универзалноста треба да послужат како медиум во кој можат да коегзистираат повеќе начини на живот, а западната идеја за универзалноста на човековите права ја содржи самокритичната димензија која ги осветлува сопствените ограничувања.

Кога стандардните западни идеи се критикувани за партикуларна пристрасност, оваа критика самата мора да реферира на некој поим на поавтентична универзалност која ни овозможува да го видиме искривувањето на лажната универзалност.

Но, некоја форма на универзалност е секогаш присутна, дури и скромната визија на коегзистенцијата на различни и целосно несовмесни видови на живот мора да се потпира на неа. Накратко, ова значи дека „примарната контрадицкија“ не е онаа на тензиите помеѓу различните начини на живот, туку „контрадикцијата“ во внатрешноста на секој начин на живот („култура“, организација на неговиот jouissance) помеѓу неговата партикуларност и неговата универзална претензија.

Да употребиме технички термин, секој партикуларен начин на живот е по дефиниција фатен во „прагматична контрадикција“, неговата претензија кон валидност е поткопана не од присуството на други начини на живот туку од неговата сопствена неконзистентност.

Социјални поделби

Работите стануваа уште посложени со „контрадикцијата“ помеѓу алтернативната десница со потекло во расистичко-сексистичката вулгарност и политички коректниот строг регулаторен морализам.

Така, од гледната точка на прогресивната борба за еманципација од клучна важност е да не се прифати оваа контрадикција како примарна туку во неа да се разоткријат преместените и искривените еха на класната борба.

На фашистички начин, десничарската популистичка фигура на непријателот (комбинацијата од финансиски елити и окупирачите имигранти) ги комбинира двете екстреми на социјалната хиерархија, со што ја замаглува класната борба.

На спротивниот крај и на речиси симетричен начин, политички коректните анти-расистички и анти-сексистички борби едвај затскриваат дека нивната крајна цел е расизмот и сексизмот на белата работничка класа, преку тоа исто така и тие ја неутрализираат класната борба.

Поради тоа означувањето на политичката коректност како “културен марксизам“ е неточно. Политичката коректност со сета своја псеворадикалност е, напротив, последната одбрана на „буржоаскиот“ либерализам против марксизмот, заобиколувајќи/поместувајќи ја класната борба како „главна противречност“.

Истото важи и за трансродовата и #MeToo борбата. Таа исто така е предетерминирана од „примарната контрадикција“ на класната борба која го покажува антагонизмот во самото свое срце.

Тарана Бурк, која ја создаде #MeToo кампањата пред повеќе од една деценија, забележа во неодамнешната критичка забелешка дека низ годините од започнувањето на движењето, тоа разви непоколеблива опсесија со сторителите – цикличен циркус на обвинувања, вина и индискреции.

Ние работиме напорно со цел популарниот наратив за MeToo да се промени од она што тој е“, рече Бурк.

Ние мораме да го промениме наративот дека тоа е родова војна, дека тоа е анти – мажот, дека тоа е мажите против жените, дека тоа е единствено за конкретен тип на личност – дека е за бели, cys-родови, хетеросексуални, познати жени.“

Накусо, треба да се бориме да го рефокусираме #МеТоо врз секојдневните страдања на милиони обични работнички жени и домаќинки. Ова може да се направи решително. На пример, во Јужна Кореја, #МеТоо експлодираше со десетици илјади обични жени кои демонстрираа против нивната сексуална експлоатација.

Тековните протести на Жолтите елеци во Франција кондензираат сѐ за што ние зборувавме. Нивното фатално ограничување се наоѓа токму во нивниот преценет „безлидерски“ карактер, нивната хаотична самоорганизација.

На типичен популистички начин, движењето Жолти елеци ја бомбардира државата со серија од барања кои се неконзистентни и е невозможно да се исполнат во рамките на постојниот економски систем. Она што недостасува е лидер кој не само што ќе ги слуша луѓето, туку ќе ги преведе нивниот протест во нова, кохерентна визија за општеството.

„Контрадикцијата“ меѓу барањата на Жолтите елеци и државата е „секундарна“: нивните барања се вкоренети во постојниот систем. Вистинската „контрадикција“ е помеѓу нашиот целосен социо-политички систем и (визијата на) новото општество во кое барањата формулирани од протестирачите веќе не се појавуваат. Како?

Стариот Хенри Форд бил во право кога забележал дека, кога го понудил првиот сериски произведен автомобил, тој не го следел она што луѓето го сакале. Како што тој кратко се изразил, прашани што сакаат, луѓето ќе одговореле: „Подобри и посилни коњи за влечење на нашата кочија!“

Ова сфаќање одекнува во несреќното мото на Стив Џобс дека „многу пати, луѓето не знаат што сакаат додека не им покажете.“

И покрај сѐ она што треба да се критикува во активноста на Џобс, тој беше близу до автентичен господар во тоа како го разбираше сопственото мото. Кога беше запрашан колку повратни информации од клиентите користи Apple, тој отсечно возврати: „Не е работа на клиентите да знаат што тие сакаат… ние смислуваме што ние сакаме.“

Забележете го изненадувачкиот пресврт на оваа аргументација. Откако негира дека купувачите знаат што сакаат, Џобс не продолжи со очекуваниот директен пресврт „наша задача е (задачата на креативните капиталисти) да откриеме што сакаат купувачите и потоа да „им го покажеме“ тоа на пазарот“.

Наместо тоа, тој продолжува „ние смислуваме што ние сакаме“ – вака функционира вистинскиот господар. Тој не се обидува да погоди што сакаат луѓето. Тој едноставно се покорува на сопствената желба, така што на луѓето им е оставено да одлучат дали ќе го следат.

Со други зборови, неговата моќ произлегува од неговата верност кон неговата визија, од тоа што не ја компромитира.

Истото важи и за политичкиот водач што е потребен денес. Протестирачите во Франција сакаат подобар (посилен и поефтин) коњ – во овој случај, иронично, поефтино гориво за своите автомобили.

Треба да им се даде визија за општество каде цената на горивото веќе не е важна на ист начин, како што по автомобилите, цената на коњската храна повеќе не е важна.

Превод: Стефан Видиков

|2019-01-05T11:19:13+00:005 јануари 2019|Актуелно, Некатегоризирано, Свет, Став|