Каде се Ромите во извештајот за напредок на Европската комисија – изработен инфографик од Ромалитико

СКОПЈЕ, 03.05.2018 – Невладината организација Ромалитико подготви инфографик на кој ги објавуваат главните препораки на Европската комисија до владата на Република Македонија поврзани со ромите и нивното невклучување и понатамошно дискриминирање во државава. Препораките се однесуваат на областите поврзани со човековите права, социјалниот статус и социјалните трансфери, сиромаштијата, здравството, вдомувањето итн.

Неодамнешниот извештај за напредок на Европската комисија, во себе вклучува сегменти поврзани со односот на државата кон ромската етничка заедница во Македонија.

Иако Македонија доби препорака за отворање на пристапни преговори со Европската Унија, состојбата со ромската етничка заедница ни оддалеку не е така светла. Особено доколку се земе предвид фактот дека дури и во извештајот на ЕК стојат реченици кои ја обврзуваат нашата држава за поагилен однос кон ромското малцинство.

Невладината огранизација Ромалитико, подготвија инфографик со анализа за последниот Извештај на Европската комисија за Македонија. На инфографикот може да се забележат областите во кои ромите и лицата со попреченост во Македонија немаат рамноправен и инклузивен третман од страна на државата и општеството.

„Децата Роми и учениците со попреченост се’ уште страдаат од стигма, дискриминација, сегрегација, особено во делот на образование и останатите сервисни сектори“, стои во инфографикот.

Исто така можат да се забележат и областите на здравството, вдомувањето, немањето лични документи, социјалните сегменти, сиромаштијата, непотполното и слабо имплементирање на човековите права итн.

Во прилог можете да го проследите инфографикот подготвен од страна на тимот на Ромалитико.

|2018-05-03T11:01:29+00:003 мај 2018|Актуелно, Вести|