Игор Штикс: Не знаеме што после капитализмот

Од крајот на капитализмот, потешко нешто претставува што е тоа што би следувало после него. Ние сме генерации на поразот на идејата дека може да се промени општеството од горе. Утопијата како скица кон која цели нашиот целокупен политички ангажман е мртва – зборува за магазинот Неделник Игор Штикс, политички активист и писател, а од неодамна и професор на Департманот за политички студии на Факултетот за медиуми и комуникации.

„Ние сме деца на тој пораз во политичка и теориска смисла. Така на пример, самиот Жижек никогаш нема развиено идеја за тоа како би изгледал светот по капитаизмот, туку исклучиво се занимава со интерпретации на капитализмот како таков. Голем дел на отпорот кој денес го гледаме, претставува реакција на еден агресивен, неолиберален, експлоатирачки систем во кој живееме. Гледаме многу малку случаи во кои исто така се „замислува“ таа алтернатива, но кога подобро ги забележуваме, тие се само на некое локално ниво. Односно, алтернативите ретко се гледаат како комплетни промени на општеството и општествените односи во светот каков што е, а често како микроутописка можност, можност на одредени економски модели кои живеат внатре капиталистичкиот систем, можност која во одредени изолирани зони создаваме различни општествени, политички и меѓучовечки односи“ истакнува тој.

Што се однесува до Балканот, Штикс смета дека последнава деценија, луѓето на Балканот не само што почнуваат да мислат можен свет после капитализмот, туку дека и капитализмот како таков може да се критикува. Се јавува уште во време на Југославија митот за „пропаѓањето“ на социјализмот и нужноста на капитализмот како некаква алтернатива. Во исто време националистичките односи, само го зацврстувале капитализмот како таков, нужен и неизбежен. После 2008 година и финансискиот колапс, се отворија можности за нови економски перспективи и нов економски поим на мислење и дејствување.

Моќта и власта веќе не се географски одреден

Моќта во вакво време, не е вгнездена во некој дворец и на крај се знае каде треба да се менува. Тешкотијата на ова време е што моќта и власта не се на едно место. Искуството на Сириза дури оди и подалеку, имено, дури и доколку ги земете уздите во ваши раце, се соочувате со тоа власта да не се наоѓа во рамки на институциите на вашата држава, туку на различна географска локација.

„Тоа пред нас поставува една многу значајна дилема: дали треба да направиме каква било промена во системот каков што е, знаејќи дека не можеме така лесно и брзо да го придвижиме, или мора да чекаме тој систем да се сруши, па после тоа да градиме нешто ново и така да извршиме револуционерна промена. Јас не мислам дека ќе дојде тој месијански момент во кој ќе биде можно да се изгради свет од почеток. Мислам дека потполното урнисување на системот би отворило простор и за некои други политички опции кои се далеку од каква било еманципаторска и утопистичка програма. Ние мораме во исто време да мислиме, чинам дека тоа е и тенденцијата на поголемиот број на членови на левицата, пред се околу облиците на отпор во ваков неолиберален капитализам, со тоа и градењето на алтернатива која е можна, односно, чиј резултат може веднаш да се види, како конечно би дошле и до позиција да мислиме за можностите за радикална промена“ додава Игор Штикс.

Идеите кои ги промовираше левицата, денес, се искористуваат од страна на либералите или неолибералите. Холандија зборува за партиципативно општество во кое граѓаните преземаат дел од одговорностите кои до тој момент ги имала државата.

„Слично на тоа, постојат многу повици на таканаречена демократска обнова и создавање на нов модел на партиципативност, инклузивност, хоризонталност, но кои сами по себе не би го загрозиле системот онаков каков што е. Голем дел од овие идеи се родиле во радикалната левица, но потем, центарот ги презел. Сепак, без оглед на тие ризици сметам дека немаме многу избор. Доколку сакаме да дејствуваме, мораме да се потрудиме да развиеме потенцијал кои постои во еманципаторските акции, како во однос на отпор, така и во алтернативните модели на општество“.

Еманципацијата не претставува еднонасочен ослободителен процес, процес од ропство или неслобода. Потребна е еманципација за друго општество, нешто што значи и понуда на модел за новото општество. Околу егземпларите на една нова форма на организирање:

„Така и студентите од Загреб следеа што се случувало во Београд во 2006 година за време на блокадата со помал обем, кога во 2009 година тие го искористија и направија далеку поголем експеримент во хоризонталната демократија, иако не сите нужно беа марксисти или анархисти. Тоа зборува дека политичкиот процес на траснформации често произлегува од самите акции, додека процесот на радикализација од искуствата на еманципација, како што е партиципацијата во самите пленуми“ децицно додава Штикс.

Класната борба постои

Зборувајќи за прогресивните субјекти, Штикс смета дека во 21 век не постои еден револуционерен субјект, туку мноштво на субјекти. Некогаш тоа биле работниците, денес ги има повеќе. Иако начините на живот на различни групи на луѓе се различни, сепак сите тие делат слични интереси, како нееднаквоста. На крај, според него, сите ние сме работници, иако не нужно сме мануелни работници. Класните односи и тоа како постојат, и од оваа позиција треба да се прилагодат стратегиите на нашата борба.

За успехот на Корбин и Лабуристите

За успехот на Корбин, Штикс смета дека истиот несомнено претставува спектакуларен чин, особено поради тоа што и не му се даваше посериозна шанса на цела негова Лабуристичка партија. Беше потценет, особено поради неговиот старо-нов економски јазик, за кого интелектуалната јавност, но и политичката сметаше дека е старомодна. На крај, објавениот манифест, објави една нова социјалдемократска визија за општеството.

„Подигна добро осмислена кампања со голема поддршка, особено од младата популација, чија порака конечно се сведува на тоа дека алтернативата сепак е возможна. Изборната кампања да траеше подолго, сигурен сум дека неговиот успех би бил многу поголем. Ентузијазмот којшто го следат овие вести од Британија е поврзан со регенерирање на вербата дека нашите општества можат до некаде да се променат преку постоечките институции“

Вербата, според него, во голема мера е изгубена поради тоа што институциите ги спроведуваат политиките на доминантната идеологија.