Граѓански собир против загадувањето во Карпош

Граѓанската иницијатива “Ние сме карпош 4“ во соработка со граѓанските иницијативи “Стоп на Загадувањето”, “Воздух Сега!” и “Карпош 3” во четврток 21 септември организираат протестен собир против градежната узурпација и уништувањето на јавниот простор.

На официјалната Фејсбук страна на граѓанската иницијатива „Ние сме Карпош 4“ се наведува:

Ние, граѓани на општина Карпош, бараме да се донесе одлука за стопирање на секаква градежна активност, ревидирање на целокупната документација и преиспитување на донесениот Детален урбанистички план за Градска четврт “З 04“, опфат помеѓу Бул. “Илинден“, Бул “8- ми Септември“, р.Вардар и ул. “Љубљанска“, Општина Карпош – Скопје и пренамена на површината опфатена со овој ДУП во заштитена зелена зона.

|2017-09-19T12:59:46+00:0019 септември 2017|Актуелно, Вести, Некатегоризирано|