Граѓаните „легнаа“ пред багерите на Водно

СКОПЈЕ, 29.08.2018 – Денеска активистите за одбрана на Водно направија жив штит пред механизацијата за изградба. Тие легнаа пред багерите не дозволувајќија и попречувајќи ја работата на изведувачот.

Тие се бесни за непреземањето ништо од страна на властите и институциите кои дозволуваат уништување на шумата и сечењето на дрвјата. Уништувањето продолжува, а едно од нивните клучни барања е промена на трасата на гасоводот, односно, да не поминува низ Водно.

Според некои од активистите за Одбрана на Водно, постои опасност да не бидат земени предвид нивните напори и багерите да продолжат да копаат.

Еко активистот Игор Смилев, кој е дел од иницијативата „Го сакам Водно“ од местото на настанот изјавува дека постои опасност дури по животите и на протестирачите.

„Шефот на механизацијата кој патем не ни покажа никаква дозвола за работа, во 9.30 часот студено и ладнокрвно му рече на багеристот – Гази, оди напред. Шоферот уште поладнокрвно го изгаси багерот, излезе, не се покори на наредбата и му рече ” Јас не одам на живи луѓе” Ќе отидете бе напред..и до крај ќе отидете. Ама со зборовите кажани и со мрачните мисли ниту вечноста нема да ви биде доволна“ пренесува Смилев на неговиот фб профил.

Фејсбук статус на поранешниот пленумец Кирил Мицковски кој е дел од иницијативата за одбрана на Водно

Парадоксален е моментот што кредитот за изградба на гасоводот, меѓу другото, е одобрен и даден од страна на германските банки Дојче банк и Ерсте банк. Се поставува прашањето, колку е пракса на европските држави и култури да инвестираат во уништување на објекти од непроценливо значење. Особено ако се земе предвид нивото на загадување на воздухот во државава, но и во Скопје и правото на чист воздух и чиста животна средина?

|2018-08-29T14:45:04+00:0029 август 2018|Актуелно, Вести, Некатегоризирано|