Антикопатологија и негирање на когнитивното себе

Ова прашање не е само од денес, туку се поставува одамна и зема се поголем замав, но и бара сериозно да биде разгледано од повеќе аспекти, од кои накратко би била психопатологијата на антикопатолошката дегенерација на една индивудуа или колективитет.

Ова е долгорочен процес којшто довел до озомбираност на карикатути. Прво би се пристапило теориски и од повеќе аспекти. Најмногу и најголем замав зема психолошкиот аспект на индивидуата, којашто во суштина се негира себеси. Барајќи себевалидација и она чувство на припадност, озомбирана од лажни ветувања, т.е. не се ветувања, туку процесот на вкоренување на една стратегија е долг и таа цели кон тоа пролетеријатот да го занесе, за да тежнее кон буржоазијата, земајќи истовремено дел и од него.

Сепак, ќе се навратам на психолошкото влијание кое го зема сета оваа стратегија на политичките карикатури. Затоа што сите луѓе тежнеат да бидат препознаени, валидирани, егото да биде задоволено, да остават одредена трага, сето тоа е длабоко вкоренето во секоја индивидуа, како на пример чувството за валидација и за припадност кон некоја класа итн. Некои се борат идеолошки „со сето срце“, некои сепак за „дребно-буржоазиска идеологијата” којашто е наметната. Тука би стапило прашањето, зошто?

Затоа што, од еден аспект индивидуата е експлоатирана на секаков можен начин и потоа, таа експолоатација како на пример, мобинг, деградација на секаков можен начин, одземање дигнитет, материјална девастација и слично, земаат психолошки замав врз индивидуата. Во случајов, таа иста индивидуа, нормално дека ќе чувствува потреба за припадност и прифаќање од поголема маса слични истомисленици, кои во суштина се на иста фреквенција со неа. Они не се буржоазија, туку пролетери, заведени од припадноста на нешто големо, нешто историско, голема цивилизација, античка грандиозност. Ако тргнеме од Фројдовската поделба на личноста, на ид, его и суперего, би дошле до заклучок дека тука владее егото заедно со примитивзмот на ид-от, ненамерно, туку извадено преку разни ветувања заедно повторно со истото барање за припадност.

А во суштина, суперегото, кое би го поделиле како свесната и кочницата на ид-его владеењето, би дошле до заклучок дека тука има инстантен внатрешен кофликт за којшто потсвеста добро „знае“ дека се работи за еден его буст, крик на егото, кој таа одредена индивидуа го бара и извикува по него за да биде дел од групата на возвишени, штитејќи ја истата таа индивидуа од тотален распад. Тука имаме разни одбрамбени механизми кои се појавуваат и земаат замав во различен облик, од кои во моментов најбитен е оној на негирање на себеприпадноста, и барајќи ја вината, фрлајќи ја врз други, затоа што ако таа личност се соочи со вината и вистината за себеприпадноста, која ја носи во себеси, без да ја фрла на друг, она би се распаднала. Тоа е тој исконски ид дел од личноста и егото коешто работи во корист на ид-от во вакви случаи и тоа се забележува најмногу кај социопатијата и нарцисоидноста. Но, се забележува и кај дел од популацијата врз која е извршено едно добро перење на сите три дела кои ја сочинуваат личноста, а најмногу на суперегото. Таква индивидуа врз која е вршен притисок, без разлика каков, но секако голем притисок, „ако ѝ погледне на вистината во очи“ ќе се распадне, од проста причина што е експлоатирана на најразлични начини.

Генот е тука со предиспозицијата, но најголемо влијание е од факторите на социо-економското и бихејвиорално учење, без оглед дали од рано детство или касна адолесценција, коишто се клучни фактори кои го прават стресорот, го ствараат, тоа е таканаречениот тригер фактор и во индивидуата вкоренуваат „нешто“, кое ни таа сама не може да си го објасни. Тука настапува конфликт меѓу ид-его версус суперего, при што, кој од овие два составни делови на личноста е поразвиен, тоа е клучно за таа одредена индивидуа, односно, одредениот состав доминира.

Првично на себеси, затоа што е експлоатирана, такаречи, извршена е тортура врз тој дел од психата и таа личност несвесно го прифаќа тоа, не можејќи да си објасни зошто, како и од каде потекнува тоа „нешто“. Таквата индивидуа бара себевалидација, бидејќи се чувствува внатрешно празно, со одземен дигнитет и со одземени права на слобода. И нормално дека таквата индивидуа во даден момент ќе тежнее на таа  страна којашто ѝ дава сила, моќ, истата таа припадност кон некоја аристократска, дамнешна античка цивилизација, буржоаска класа, сакајќи да се поистовети со истата, пак на тој примитивен, анималистички начин.

Бидејќи кочницата е тука ставена, од страна на составот на ид-его врз составот на суперегото, а суперегото контролира работи како морал, етика и примитивизмот на ид-от, коишто не се вистински, затоа што во прашање е фикција, но е длабоко вкоренета во сржта на егото, кое го бара „бустот“, односно повишувањето и валидацијата. ИД-от е вистинскиот примитивизам и тоа е составен дел од секоја личност и тоа го имаат сите, додека егото кое работи во корист на веќе споменатото ид во случајов, но и обично бара и мора да биде задоволено дали преку комплименти, дали преку припадност на одредена класа, а во ист момент има заќутување на суперегото, бидејќи суперегото е она што е дел од потсвеста.

Тоа суперего ги чува податоците, но тие се длабоко сторнирани  во суперегото и не се бришат во ниеден случај. Кога би дошло до мала фракција меѓу его-то и суперего би дошло до распад на таа индивидуа. Бидејќи супергото и потсвеста штитат во случај на таков распад.

Процесот на конфликт его-суперего е неизбежен. Само треба мала, минорна ситуација, која би довела до поголем конфликт и крајно, би довела или до исход или до распад и дисоцијација на таа индивидуа, бидејќи суперегото не може повеќе да го носи товарот на нереалната слика која ид-его ја сликале долг период и тоа не може да се сноси со реалноста така што сето тоа го доведува тој распад на когнитивно препознавање на себеси и настапува молк, фракција на когнитивното себе при што тој крах на суперегото доведува до тоа поистоветување со горенаведените класи на кои индивидуата не припаѓа. Ако доведе до исход, тоа би било на пример крајното и брутално соочување со вистината и прифаќање на класата на којашто таа индивидуа припаѓа, без страв и без ветувањата за припадност, таа индивидуа когнитивно се прифаќа себеси и станува свесна колкава моќ лежи во неа.

Тригер фактори и првиот пробив. Тие имаат развиено стратегија, буржоазијата. Стресорите се или во рано детство, зашто таа индивидуа ако е ндоктринирана, неговите предецесори се индоктринирани така, тоа е некој круг којшто се врти и се враќа преку наративи, подсвест.

Кој дел од личноста е најразвиен, од структурните делови коишто преовладуваат за личноста себе да се прифати, тоа преовладува, па така преовладува примитивизмот на ИД и ЕГО, коешто работи во корист на примитивизмот на ид-от. Не можеме да ја класифицираме како болест, „античката патологија“, но тоа „мириса“ на болест.

Првично почнува со мал стрес, како на пример првиот стрес е „лепење плакати“, иако субјектот разбира тоа дека не е добро, со внатрешниот конфликт, знаеќи дека има омаловажување, но ако продолжи да лепи плакати, може да добие работа во администрација.

Потоа прави втор стрес, со негација на себеси, поради тоа што знае дека е омаловажен, но тоа го негира и тој стрес е употребен и злоупотребен како фактор на создавање на когнитивна мапа на припадност на индивидуата, моќта на субординација, супресија, хиерархијата е тука.

Стресор факторите се клучни за бришење на когнитивната мапа и меморијата по што индивидуата сее семе за нова когнитивна мапа. Негација на класа во којашто припаѓа и тежнее да припаѓа на цивилизацијата на античка цивилизација, аристократска класа, дамнешна класа, буржоаска класа, владеачка номенклатура, финансиска класа, медиумска доминација.

Анализата на „античкиот иденитет“, национализмот и националистичкиот наратив во предворјето на фашизмот од минатиот век пред Втората светска војна може да се сопостави со тежнеење кон нео-национал-социјализам. Работничката класа од тука, преку индивидуалните работнички и работници, мора да бидат едуцирани во сето ова. Полтрони, како „полтропартизани“, „полтропатриоти“, какво е тоа „левичарско“ тежнеење кон десница?, со интернализација на стратегијата на буржоаската класа, владеачките класи, финанскските класи, медиумите како пропагандна машина.

Враќање во нормалата кај индивидуата во пост-тоталитарен час, пост-тоталитарен простор, уставна диктатура во време на ковид-19 се на линија на аргументите со стресор факторите, тие функционираат аналогно, со бришење и запишување.

Гордана Ристовска

|2020-06-02T09:13:20+00:002 јуни 2020|Актуелно, Култура, Став|