„Го сакам Водно“ во недела организира собир за повторно да се каже „НЕ НИЗ ВОДНО“


СКОПЈЕ, 16.08.2018 – Еко-активисти од разни организации здружени во иницијативата „Го сакам Водно“, во недела во 10:30 часот, организираат пешачење по сртот на Водно каде што може да се видат местата каде што се стационирани багерите за гасоводната рута. Покрај рутата, од врвот на Водно, граѓаните ќе ја  пренесат заедничката порака „НЕ НИЗ ВОДНО“ за зачувување на природното богатство кое воедно е заштитено со закон.

Сакаш Водно да е заштитена зона? Сакаш да ја сочуваш природата која ти дава мир, те полни и прочистува? Сакаш да се престане со изградба во парк шума Водно?

Дојди на Врв на Водно – заеднички да ја пренесеме нашата порака за зачувување на нашето природно богатство, гласно да ја кажеме нашата порака: НЕ НИЗ ВОДНО!

Биди во 10:30часот без доцнење, на чистинката под крстот.
Ќе има музика, ќе има активности во знак на поддршка на она што ни значи : Водно без понатамошни минирања, копања, механизации, сечење на шумата, уништување на бројни живеалишта, се вели во поканата на „Го сакам Водно“.

„Го сакам Водно“ веќе подолго време се бори против планираната траса на магистралниот гасовод кој ќе води од Скопје кон Тетово, Гостивар, Кичево и Косово. Тие стојат на ставот дека проектот е лошо испланиран и има низа на недоследности, а во процесот ќе се уништи густа шума од над 4 км која претставува една од ретките преостанати зелени подрачја во Скопје и вооедно е живеалиште на голем број на видови, од кои некои ендемски и загрозени.

|2018-08-16T11:51:48+00:0016 август 2018|Актуелно, Вести|