„Го сакам Водно“: Спремни сме да го запреме градењето со 24 часовни патроли и жив штит

СКОПЈЕ, 20.08.2018 – Активистите од граѓанската иницијатива “Го сакаме Водно“ вчера се качија на скопската планина и повторно ја пренесоа својата порака „НЕ НИЗ ВОДНО“. Таму тие го разледааа теренот кој е веќе припремен за изградба на гасоводот, но стојат на ставот дека реализирањето на гасоводот по тековниот план е штетен за природата затоа што ќе се исече голем дел од шумата, а има зголемена можност да се појават и свлечилишта.

Активистите велат дека не се против гасоводот, туку само против трасата која минува низ падините на Водно. Истакнуваат дека, ако владата не ги послуша граѓаните на Скопје околу запирањето, тие се спремни да го запрат градењето со 24-часовни патроли и жив штит.

Во меѓувреме, од владата остануваат на ставот дека менување на трасата за гасоводот ќе го врати проектот назад многу време и значително ќе ја забави реализацијата, и ветуваат дека за секое исечено дрво ќе бидат засадени најмалку десет нови.

Со „жив штит“ против гасоводот на Водно, отпорот продолжува

Со „жив штит“ против гасоводот на Водно, отпорот продолжува

Posted by TV21 on Sunday, August 19, 2018

 

|2018-08-20T11:59:09+00:0020 август 2018|Актуелно, Вести|