Еуромакс Рисорсис со кловнови и чуда до рудник и руда

ИЛОВИЦА, 17.08.2018 – Компанијата Еуромакс Рисорсис се обиде да одржи забава за децата од Иловица завчера пред нивната канцеларија во селото. Со чоколада, бонбони и актери, маскирани во познатите ликови на Дизни цртани, Еуромакс ги забавуваше децата на кои им беше кажано дека ќе присуствуваат на некој настан каде што ќе има кловн и чоколади. Еуромакс исто така им ветија бесплатни часови по англиски јазик на сите деца од Иловица и Штука. Но, оваа ПИ-АР стратегија на компанијата којашто сака да го отвори рудникот во Иловица, а со тоа да ја уништи цела струмичка котлина, не им пројде баш така глатко.

На настанот на Еуромакс, не дојдоа само деца, туку и локално население и еко-активисти кои не се согласуваат со отворање на рудникот до нивните живеалиште. Тие започнаа со скандирање кон организаторите на овој настан,  со цел да им се потенцира дека луѓето што живеат тука не сакаат отворање на рудникот Иловица-Штука.

                 

Ваквите ПИ-АР стратегии преку коишто се искористува локалното население, посебно помладата популација се честа пракса на големите компании кои сакаат да си создадат позитивен имиџ помеѓу локалнато население. Како инаку да се објасни фактот што компанија која има дејност за градење и работење на проектот рундик бакар/злато Иловица-Штука, ќе давала бесплатни часови по англиски јазик?

Posted by Trajce Ristomanov on Wednesday, August 15, 2018

|2018-08-17T08:51:36+00:0017 август 2018|Актуелно, Вести, Видео / Фотографија|