Џихадот поважен од математиката во училиштата во Турција

 

Нема корист од учење на математика за студентите што не го познаваат џихадот според еден член на комисијата за образование на турскиот парламент

Пратеникот Ахмед Хамди Чамли (Ahmet Hamdi Çamlı) од владеачката Партија на правдата и развојот (AKP), го пофали неодамнешниот потег за вклучување на концептот „џихад” во новата образовна програма на земјата, велејќи дека „џихад е првенствениот елемент на исламот”.

„Џихадот доаѓа пред молитвата. Кога ќе ги погледнеме отоманските султани, скоро сите дури и не оделе на аџилак, за да не се откажат од џихадот”, изјави Чами за дневниот весник Хабертурк (Habertürk) на 22 јули.

„Нашето министерство направи многу добра одлука. Ако молитвата е столбот на религијата, џихадот е шатор. Без столбовите шаторот е бескорисен. Нема корист во наставата по математика за дете кое не го познава џихадот”, рече Чамли.

Како што објави турскиот весник „Хуријет дневни вести“, финалната верзија на турската национална наставна програма ја изостави еволуција од училиштата и го додаде концептот „џихад” како дел од исламскиот закон во книгите, објави министерот за образование Исмет Јилмаз ( İsmet Yılmaz) на 18-ти јули, предизвикувајќи големи контроверзии.

„Џихадот е елемент во нашата религија; тоа е во нашата религија … Должноста на Министерството за образование е секој концепт да се предава соодветно, на правилен начин. Исто така, нашата работа е да ги поправиме работите што се погрешно сфатени, видени или предавани”, изјави Јилмаз на прес-конференција во турскиот главен град Анкара.

Зборот „џихад“ е исламски термин, кој доаѓа од арапско потекло, што значи „борба“, или „стремеж“, а во сегашниот турски јазик се користи како „борба во полза на исламот“. Доаѓа од арапскиот корен c-h-d (џ-х-д), односно „cehd“, што значи „да стремиш, користејќи ја сета сила“.

Учењето за „џихад“ во училиштата е дел од политиките на владеачката партија во Турција, со цел да го користи исламот како средство за политичка борба и влијание, како што тоа го правеше поранешната влада на Никола Груевски, со обид за воведување на веронаука во образованието во Македонија.

|2017-07-26T08:48:00+00:0025 јули 2017|Актуелно, Вести, Свет|