Денеска скопјани на протест, десет предложени мерки за справување со загадувањето на воздухот

СКОПЈЕ, 15.12.2017 – Денеска пред Владата на Република Македонија ќе се одржи протест по повод енормното загадување на воздухот во Скопје. Протестот е закажан за 12 часот, како што може да се дознае од фејсбук иницијативата  „Станете за чист воздух“.

Поводот е загадениот воздух во текот на овој период и негово засилување со магла којашто деновиве „легна“ врз градот. Овие денови, поради енормното загадување и итната медицинска помош беше доста ангажирана, а и зголемен бројот на прегледи на клиниката за кардиологија во Скопје. Скопјани се плашат за нивното здравје, додека лекарите апелираат да се остане дома. И неколку други градови како Куманово, Битола и Тетово се трујат секојдневно од загаден воздух.

Власта ги обвинува ваквите иницијативи како политички мотивирани, и инсистира на тоа дека се преземаат излезни чекори кои ќе ја доведат до неутрализирање ситуацијата со воздухот, велат од таму. Завчера, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов ги обвини граѓаните коишто се заканија дека своите деца нема да ги пуштаат на училиште додека трае ваквото невреме. Обвинувањата одеа во насока на тоа дека овие иницијативи се поттикнати и организирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ, односно како што пред камерите се изрази Шилегов, тие се „политички мотивирани“.

Граѓаните се наоѓаат во незавидна ситуација. Самоорганизацијата е последното упориште коешто им останува на дофат. Досегашните „мерки“ коишто ги преземаат властите и од оваа и од претходната власт се многу анемични и палијативни. Државата со тоа покажува дека е неподготвена да се справи со овој еколошки проблем.

Десет барања за почист воздух

На поканата за протест, организаторите упатуваат барања до власта кои ги сметаат за ургентни во начинот на справување со загадувањето. Тие предлагаат десет мерки за кои сметаат дека се најзначајни.

МЕРКИ КОИ ИТНО БАРАМЕ ДА СЕ СПРОВЕДАТ:

1. Итно чистење на сите главни и споредни улици во градот
2. Забрана за сообраќај во најзагадените денови освен за возила на пожарна, полиција, брза помош, службени возила за истовар на роба
3. Бесплатен јавен превоз
4. Исклучување од сообраќај на старите возила кои загадуваат, вклучувајќи ги и оние на КХС
5. Забрана за градежни активности во период на загеден воздух (ноември, декември, јануари)
6. Субвенциониран приклучок на топлификација за сите граѓани
7. ИТНО и ТРАНСПАРЕНТНО мониторирање на индустриските погони, големи и мали, кои испуштаа стакленички гасови
8. Помош за домаќинствата кои немаат финансии за греење па палат што ќе најдат
9. Итно чистење на сите диви депонии во градот
10. Санкции за палачите на огнови на отворено, посебно да се обрне внимание на кејот на Вардар

|2017-12-19T12:15:37+00:0016 декември 2017|Актуелно, Вести|