Денес во својот дом во Кембриџ почина Стивен Хокинг

Во својот дом, во Кембриџ, денеска почина Стивен Хокинг.

Хокинг е роден во 1947 година во Оксфорд. Дипломирал на Универзитетот во Оксфорд, а докторирал на Универзитетот во Кембриџ. Неговото поле на интересирање беше теориската физика.

Едно од најпопуларните негови дела е делото „Кратка историја на времето“ (A Brief History of Time).

Од својата млада возраст, заболува од амиотрофична латерална склероза која го парализира. Меѓутоа активноста на Хокинг не престанува, иако сместен во количка, тој комуницира преку компјутерски синтетизатор на глас.

Младиот Стивен Хокинг во Лондон на протест против војната во Виетнам во 1969 година.

После повеќе од 30 години од настанот, Хокинг зборуваше доста страствено против војната во Ирак. Беше дел од движењето БДСМ (Boycott, Divestment, Sanctions (BDS) ) против Израел нарекувајќи ја ситуацијата „како таа во Јужна Африка пред 1990 година. Ова не може да продолжи“.

Како еден од брилијантните умови на нашето време, Хокинг рефлектираше на социјални теми за редистрибуција на добрата:

„Доколку машините произведуваат насекаде се што ни е потребно, се ќе зависи до резултатот како тие ќе бидат дистрибуирани. Секој може да ужива во луксузот на слободното време во животот доколку произведените добра од страна на машините се споделат, или повеќето луѓе би завршиле мизерно доколку сопствениците на машините придонесуваат против редистрибуција на добрата. Досега, трендот се движи на втората опција, со тоа, технологијата води до постојано зголемување на нееднаквоста“.

|2018-03-16T09:32:15+00:0014 март 2018|Актуелно, Вести, Свет|