Денес во С.Ц. Дуња дебата на тема „Како да се справиме со рудниците во југоистокот“

СКОПЈЕ, 08.03.2018 – Денес во просториите на Социјалниот центар Дуња, со почеток во 19:00 часот ќе се одржи втора дебата со наслов, „Како да се справиме со рудниците во југоистокот vol.2“ во организација на левичарското движење Солидарност и дел од иницијативата Спас за Валандово.

Трибината е организирана со цел да се продолжи интересот и можностите за соработка со дел од луѓето кои не се од југоистокот но сакаат да се информираат и да се вклучат во оваа борба која ги засега сите.

Непостоечката реакција на владата и надлежните државни органи и покрај неправилностите во работата и добивањето концесија за рудникот Казандол, одолговлекувањето на гласањето во Собрание на предложените измени на Законот за минерални суровини и непречната изградба на рударскиот комплекс Казандол, се само неколку од причините за отпорот кој го пружат граѓаните на македонскиот југоисток. – се вели во нивната покана на настанот.

Настанот ќе започне со кратка презентација на случувањата околу рудниците во последниот период а потоа ќе се анализираат конкретни чекори што може да се превземат за запирање на рудниците. Учесници на трибината ќе бидат активисти од Спас за Валандово и левичарското движење Солидарност.

|2018-03-08T12:19:15+00:008 март 2018|Актуелно, Вести|