Денес во Гостивар политичка трибина на тема: Бојкотот како самоодбрана

ГОСТИВАР, 08.09.2018 – Денес политичката партија Левица одрганизира трибина која ќе се одржи во Гостивар, а со наслов: „Бојкотот како самоодбрана“. На трибината ќе се зборува за моменталната политичка состојба во државата.

На оваа трибина учество ќе земат членовите на Президиумот на партијата ,,Левица”: Џејлан Велиу, Зоран Василески и Хактан Реџеп Исмаил.

Во отсуство на јавни дебати и расправи, за исклучително важни политички теми, ,,Левица” уште еднаш ќе се обиде да го пополни демократскиот вакуум, создаден на политичката сцена во Македонија и да одговори на горливите прашања што со себе ги носи политичката реалност.
Бојкотот на претстојниот државен консултативен референдум, како единствен механизам за самоодбрана, билатералниот договор за името со Грција, како и потенцијалното влегување на државата во воено-милитаристичкиот сојуз НАТО, ќе бидат само дел од точките за кои јавно ќе се говори на трибината, велат од Левица.

По излагањата на учесниците ќе следува дискусија во која можат да вклучат присутните со прашање или коментар.

Трибината ќе се одржи денес (8 септември) во малата сала на културниот дом АСНОМ со почеток во 12 часот. Левица и локалниот огранок од Гостивар упатуваат покана до секој кој е заинтересиран да присуствува на дебатата.

|2018-09-08T06:14:42+00:008 септември 2018|Актуелно, Вести, Економија, Став|