Данска ja казни првата жена за кршење на законот кој забранува носење на бурка

ДАНСКА, 06.08.2018 – Една 28-годишна жена е казнета со парична казна затоа што носела бурка во локален трговски центар, а тоа во Данска од 1 август е прекршување на новиот контроверзен закон, кој забранува носење на исламски превез кој го покрива цело лице на јавни места. Данските полицајци казниле една жена за носење на никаб во трговски комплекс, објавија локалните медиуми.

Тоа е прва таква парична казна што се издаде за кршење на спорниот закон за забрана на носење на исламски превез низ цело лице на јавни места, кој стапи на сила минатата среда. Во согласност со законот, полицијата од 28-годишната жена побарала да го отстрани превезот или да го напушти јавниот простор. Таа го избрала второто.

Таа исто така беше информирана дека ќе добие парична казна од 1.000 круни (156 $ / 134 евра).

Полицијата била повикана во трговски центар во Хорсхолм, во североисточниот регион Нордселанд, каде што жената била нападната од друга жена која се обидела да ја раскине нејзината никаба, изјави полицискиот службеник Дејвид Борхерсен за новинската агенција Ритцау .

“За време на кавгата, нејзиниот никаб падна, но до времето кога пристигнавме, таа повторно го врати”, рече Борхерсен.

И двете жени се обвинети за нарушување на мирот, објави весникот “Копенхаген пост”.

Зконот е контроверзен

Новиот закон забранува носење бурка на јавно место, која го покрива целото лице, или никаб кој ги покажува само очите. Законот исто така, забранува додатоци кои го кријат лицето како маскирни капи, маски и лажни бради.

Критичарите го анализираат законот кој беше одобрен од парламентот во мај – како охрабрувачки кон антиимигрантски сентименти, иако многу мал број муслимански жени во Данска носат бурка или никаб.

Поддржувачите на законот тврдат дека наместо тоа, забраната овозможува подобра интеграција на муслиманските имигранти во данското општество.

 

Извор: https://www.dw.com/en/denmark-fines-first-woman-for-violating-burqa-ban/a-44951813

|2018-08-06T09:49:34+00:006 август 2018|Актуелно, Вести, Свет|