Дали македонското МНР ќе го осуди масакрот врз цивили во Јемен што го изврши Саудиска Арабија?

СКОПЈЕ, 24.04.2018 – Министерството за надворешни работи на Република Македонија се’ уште го нема осудено воздушниот напад на Саудиска Арабија и нејзините сунитски сојузници во Јемен во кои што најмалку 20 луѓе загинаа за време на венчавка во село на североистокот во Јемен. Некои локални медиуми, како телевизијата Ел-Масирах, тврди дека во воздушните напади на коалицијата предводена од Саудиска Арабија се убиени 33 и ранети 55 лица.

На 30-ти март 2018 година, МНР се огласи со осуда за шиитската група во Јемен – Хутите, кадешто остро ги осудува ракетните напади од страна на Хутите врз градови во Саудиска Арабија, кои се случија на 25-ти март 2018 година. Во објаснувањето што редакцијата на Гласник го доби од МНР, исто така се вели:

Република Македонија ги следи политиките на ЕУ, подржувајќи ги напорите за продолжување на преговарачкиот процес под покровителство на Обединетите нации, како единствен начин за разрешување на конфликтот и постигнување одржливо политичко решение.

Во тој контекст е и ставот на Република Македонија дека последните ракетни напади врз градови во Саудиска Арабија, кои претставуваат флагрантно кршење на меѓународното право, ги поткопуваат напорите на новиот Специјален Пратеник на Генералниот Секретар на ОН за Јемен и ја загрозуваат регионалната и меѓународна безбедност, треба веднаш да престанат.

Според овој став, се очекува МНР деновиве да излезе и со осуда на воената коалиција предводена од Саудиска Арабија, затоа што  овој „непрецизен напад“ е кршење на меѓународното право и овој напад во кој загинаа најмалку 20 лица, вклучувајќи ја и невестата, ги потпкопува напорите за регионалната и меѓународна безбедност

Од коалицијата на чело со Саудиска Арабија изјавија дека ќе биде спроведена целосна истрага.

|2018-04-24T11:00:27+00:0024 април 2018|Актуелно, Вести, Свет|