Цензура на Димитар Апасиев

По објавата на текстот што следува забележавме дека исто како и фејсбук страниците на janakiznae.mk и antropol.mk банирана е и нашата фејсбук страница glasnik.mk. Ова само го потврдува сомнежот дека се работи за организирано спамирање на нашите гласила под директива на власта, а од друга страна се потврдува цензурата и насилната пропаганда која ја врши ПР машинеријата на оваа власт, луѓе вработени за таа цел, кои земаат плата од народни пари.

Последното интервју на Димитар Апасиев, член на Президиумот на Левица, кое што беше оригинално објавено на порталот ЈанакиЗнае и преземено од Антропол, како и неговата последна колумна, се отстранети од Фејсбук. Причината е големиот број на луѓе кои ги репортирале објавите како спам. Секој обид за споделување на горенаведените линкови резултира со опомена за споделување спам, а Фејсбук страницата на Антропол се уште е нефункционална.

Ситуацијата очигледно е однапред исценирана цензура. Ваквото репортирање е можно од поголема група на луѓе кои се географски дисперзирани низ Македонија, за да алгоритамот на Фејсбук ја класифицира објавата како спам и автоматски ја отстрани.

Од интернет порталот Експрес велат: „Дека се работи за класична цензура преку социјални мрежи доказ е фактот што дури ако сакате сами да го споделите текстот што би значело дека за него не сметате дека е спам тоа Фејсбук нема да ви го дозволи затоа што предходно некој го пријавил како штетен линк.“

Од таму додаваат и дека „за експертите е јасно дека се работи за систем во кој одредена група луѓе е координирана од еден центар кој дава налог кои текстови да се пријавуваат на социјалните мрежи“.

Продолжете да не следите на нашата веб-страна, додека да се поврати функционалноста на Фејсбук страницата.

Текстот е пренесен од antropol.mk во знак на поддршка за слобода на изразување и против цензура.

 

| 2018-08-23T13:53:10+00:00 23 август 2018|Актуелно, Вести|