Бизнис ориентед коалициите, за багатела соработка: „Пуцко Петрол“ од 392 тендери, добил 34,56 милиони евра од државата

Фото: мкд.мк

СКОПЈЕ, 04.07.2018 – Фирмата на градоначалникот на општина Пласница, Исмаил Јаховски, според текстот објавен од страна на мкд.мк, добил тендер за гориво од државата. Тендерот се однесува на Службата за општи и заеднички работи на владата, а висината на сумата е 50 000 евра.

Ова не е прв тендер што го добива градоначалникот на Пласница. Претходно добил тендер од 15 милиони евра за набавка на гориво за автобусите пренесува мкд.мк. Според нив, во последниве 18 месеци, фирмата на Јахоски, добила 392 тендери со вредност од 34,56 милиони евра.

Доколку се земе предвид дека Јахоски е градоначалник од редовите на ДУИ, сликата полека се кристализира. Особено констатата околу фактот дека ДУИ не е само една година на власт, туку многу подолго.

Бизнис-ориентед политиките на властите, кои и да се, продолжуваат со исто темпо. Имено, тендерските усилби на која и да е политичка партија на власт, не ги надминуваат ниту општите рамки на заедничките интереси во општеството. Особено доколку се земе предвид дека општеството е навистина длабоко класно поделено и од општиот буџет на граѓаните голем дел од средствата се слеваат на контото на поединци, и тоа партиски.

Постари истражувачки стории  сведочат за нерегуларни тендерски решенија. Истата фирма, во минатото добила тендер за снабдување на Министерството за одбрана со мазут. Меѓутоа, фирмата не ги исполнувала основните услови за учество на тендерот на крај тендерот бил раскинат. Одговорот од Регулаторната комисија бил дека „Пуцко Петрол“ снабдувал со државни институции без лиценца за мазут.

Оттука, се прилепуваат многу прашања и претпоставки. Дали антикорупциската комисија исто така го следи случајот и дали ќе се спротивстави на ова? Дали обвинителството го следи случајот и дали ќе спроведе постапка. На крај дали судот ќе успее да се ослободи од влијанијата на извршната власт и на сите инстанци коишто тендираат да го заробат и да го инструментализираат и ќе донесе осудителна пресуда?

Дали и овој случај ќе остане незабележан од страна на надлежните институции останува да видиме. Досега сите тендерски постапки, без разлика на уредна и потполна документација, завршувале немо и со значаен коалициски дил.

|2018-07-05T13:45:49+00:004 јули 2018|Актуелно, Вести, Економија|