Антифашистички кик-бокс во Грција

Вечер е, на почетокот на септември, а луѓето доаѓаат во полу-визба во стамбен блок, типично сив за грчкиот главен град Атина.

Кога ќе влезат, ги слекуваат своите чевли и си одат во соблекувалната пред да се појават и да го заземат своето место на сино-црвените душеци.

Панкерска песна ечи од звучниците.

Црното знаме е видливо до вратата на бањата. „Единствениот антифашистички боречки клуб,” пишува на него.

Ова е клубот за тајландски бокс Белиот тигар, еден од првите антифашистички спорт и фитнес клубови во Атина, а основач и инструктор е 39-годишниот анархист Илијас Лампру.

Бос, облечен во сива маица без ракави над избледената црна маица, тој го води загревањето на 40 учесници.

„Побрзо,“ им кажува, додека се слуша ударот на клоци во вреќите.

Има кратка коса, чешлана и покриена со сива боја. Има многу тетоважи по рацете и нозете. Стои со прекрстени раце и издава наредби.

Претходно во текот на денот, Лампру седеше зад преполната маса во ходникот. На ѕидовите се слики на бројни натпревари во тајландски бокс, на кои стои он со рацете кренати заедно со други борци и ученици.

Зборува како започнал со клубот пред четири години, а клубот има политичка филозофија на само-организирање и антиавторитаризам во боречките вештини.

Го засакал спортот

Тој се сеќава како кога имал дваесет години, еден пријател му препорачал да започне да вежба тајландски бокс. Но, она што се случи од „практична причина” (да се брани од полицијата и Златна зора, неофашистичката партија, која во моментов има 17 места во грчкиот парламент), стана страст.

„Почнав да практикувам тајландскиот бокс и го сакав. Тоа не може да се избегне,“ вели тој и укажува дека оваа боречка вештина во тоа време била релативно непозната во Грција.

Лампу учествувал во активизмот на анархистите пред повеќе од две децении. Во Грција учествувал во солидарни акции со политичките затвореници во целиот свет и против екстремната десница, полициската бруталност и економските мерки.

Заедно со други активисти во 2010 година, патувале со брод во појасот Газа, во флота од шест цивилни бродови надевајќи се дека ќе ја пробијат опсадата на крајбрежната енклава, каде што живее речиси два милиони Палестинци. За време на инцидентот, израелските сили упаднале во бродовите, и убиле десет активисти на бродот Мави Мармара.

За време на израелските напади Лампру бил на бродот Free Mediterranean, коj исто така, upadnale израелски војници, користejќи куршуми обложени со гума, солзавец и парализирачки пиштоли за да ги притворат патниците.

Пред девет години, тој учествувал во големите протести против глобализацијата во италијанскиот град Џенова, а потоа учествувал во патувањата на солидарност кон палестински бегалски кампови во Либан, каде што илјадници луѓе живеат во ужасни услови.

Исто така, Лампру неколку пати патувал во Тајланд за да тренира тајландски бокс.

Во потрага по начин да ги комбинира својот активизам и љубовта за овој спорт, Лампру одлучил да го основа клубот Белиот тигар, по модел на популарните европски антифашистички спортски клубови.

„Јас веќе долго време сум во [анархистичките] кругови, не можев тоа да го оставам надвор од салата,” рече тој.

Смртоносни напади

Во времето кога беше основан Белиот тигар, во Грција беше во подем екстремно-десничарското насилство во кое беа наоаѓани бегалците и мигрантите кои екстремната десница ги обвинуваше за економските проблеми на Грција.

Зголемувањето на насилството кулминираше во 2012 година со зајакнувањето на Златна зора. Во пресрет на изборите таа година, кога нео-фашистичка партија прв пат влезе во Собранието, грчката економска криза предизвика улични борби меѓу антифашистите и фашистите на Златна зора.

По изборите, насилството не е намалено. Златна зора извршила напади врз мигранти низ целата земја. Во некои случаи, тие беа смртоносни, како нападот врз 26-годишниот пакистански работник Шахзад Ликман или грчкиот антифашистички рапер Павлос Фисас во 2013.

Во октомври 2012 година, Агенцијата за бегалци на ОН, УНХЦР, објави дека забележале 87 расистички напади во периодот меѓу јануари и септември таа година. Напаѓачите често се опремени со стапови и со кучиња, имале за цел недокументирани бегалци и мигранти од Авганистан, Бангладеш, Пакистан, Сомалија … Во многу случаи, напаѓачите, наводно, носеше знаци на Златна зора.

Лампру вели дека постои итна потреба од сали и клубови кои обезбедуваат практична обука за самоодбрана.

Иако десничарското насилство оттогаш опаѓа, тоа не запре. Грција во последниве години прими десетици илјади лица кои бараат азил, и Златна зора напачаше кампови и на копното и на островите Кос и Хиос.

„По големиот ’бум’ на Златна зора, беше неопходно во Грција да се направат само-организирани простори во кои нема фашисти и полиција,“ вели Лампру, додавајќи дека во многу сали и клубови се собираат полицајци и екстремни десничари.

„Имаше многу практична причина за ова: ние ги одржуваме патиштата и сакаме да ги задржиме.“

Почитување на противниците

Лампро, исто така, тврди дека боречките вештини бараат почит кон противниците и оние кои се различни.

„Затоа не можеме фашистите да ги учиме на боречки вештини”.

Клубот има повеќе од 120 учесници, поделени во три групи: почетници, напредни и експерти – многу од нив настапуваат на натпревари како тим и тренираат неколку пати неделно.

Меѓу нив се Грци, странци од Европа и Северна Америка, како и бегалци и мигрантите од земји како Сирија, Ирак и Авганистан.

На највисоко ниво, има 30 луѓе и тие се познати како борбен тим кој учествува на натпревари во Грција и надвор од државата два пати месечно.

Танасис К. е 22-годишен грк и почетник во тајландски бокс. Како и многу антифашисти кои не сакаат да бидат препознаени од полицијата или структурите на Златна зора, тој не сакаше да биде идентификуван.

„Живеам во дел од Атина, каде што имало многу расистички напади и напади врз анархистите. Затоа решив да се обучам за да може да се бранам на улиците,“ вели тој, на крајот од тренингот.

Танасис објаснува дека тој го напуштил клубот во кој претходно тренирал откако Лампру одбил да се бори со своите борци против тимот кој го поддржува Илијас Касидиарис, член на Златна зора и парламентарец.

„Треба да се борите за солидарност и против фашизмот, и многу е важно да имате место каде што можете да научите боречки вештини,” додава тој.

Во салата група на учесници спарингува во боксерскиот ринг.

Против сексизмот

За Лампру, една од најважните карактеристики на пристапот на Белиот тигар е отфрлањето на патријархатот, за кој тврди дека преовладува во другите спортски клубови. Оние кои се однесуваат сексистички и патријархиски се избркани.

„Спротивставувањето на сексизмот е дел од нашиот живот. Тоа не е идеологија туку начин на живот,“ истакнува тој.

Половина од учесниците на Белиот тигар се жени и Лампро вели дека неговиот женски натпреварски тим е „најдобар во Грција.”

„Ако влезе некој мачо тип, ќе види средина што не е многу здрава по него,” продолжува тој.

Лампру, исто така, вели дека нема да дозволи појавување на неговите ученици во рингот против борците кои се членови или поддржувачи на Златна зора.

„Не можеме да се натпреваруваме против фашистите. Тајландскиот бокс има многу почит кон противникот. Вие не можете да го почитувате фашистот.“

Улиците се место за спротивставање на екстремната десница, посочува тој.

Белиот тигар е дел од пошироката антифашистичка култура во Грција, особено во месноста „Егзархија,“ каде што се наоѓа.

Никола Апиофис, автор на книгата Анархија во Атина, објаснува дека „колективната меморија на фашизмот” во Грција доведе до долга традиција на антифашизмот која ја нагласува директна конфронтација.

За време на Втората светска војна, од 1941 година, Грција била окупирана од нацистичка Германија, Италија на Мусолини и нивниот фашистички сојузник Бугарија. За време на протерувањето во 1944 година, речиси 60.000 грчки Евреи биле убиени. Потоа имаше силен антифашистички отпор кон окупаторот.

Црн блок

Од 1967 до 1974 година, со Грција владеела воената екстремнодесничарка хунта. Масовните протести во Атинската Политехничка школа доведе до серија настани што на крајот доведоа до колапс на тој режим.

„Во Грција попрусутна е историјата на е ширењето на антифашизмот отколку на фашизмот: масакри на комунисти, анархисти, тортура и масакри на социјалдемократите. Богата е историјата на противењето и отпорот кон фашистите,“ објаснува Апиофис.

Тој укажува на инцидентот од 1984 година како најважен историски момент во модерното време на антифашистичкото движење во Грција.

Во декември истата година, илјадници анархисти и членови на радикалната левица дошле во Атина и користеле тактикатата на црниот блок за време на конфронтација во хотелот Caravel каде Французинот Жан-Мари Ле Пен предводеше конференција на екстремната десница.

Црниот блок е стратегија во која демонстрантите носат црна облека, шалови, маски за да го сокријат својот идентитет и да ги спречат властите да ги тужат.

За време на неговото истражување за книгата, Апиофис вели дека ја забележал посветеноста на антифашистите на одбраната на просторот во кој тие се многу присутни.

Иако Лампро уште не ги искористил своите вештини против членовите на Златна зора, тој вели дека тие често се корисни во демонстрациите каде што има конфликт со полициските сили.

„Пред 20 години немаше фашисти во Атина. Но, сега одеднаш имате фашисти што патролираат,“ вели тој и ја отфрла идејата дека спортските сали треба да бидат простор без политика.

„Постои таков менталитет дека не можеме да го одделиме спортот од политиката. Присутен сум во анархистичко движење во последните 20 години. Сум бил во Палестина, Либан, Џенова и на протестите во Атина. Спротивставување на сексизмот и фашизмот – не можеме поинаку да живееме, без разлика дали тоа е сала или работно место.“

Извор: АлЏезира

|2017-09-20T13:56:26+00:0020 септември 2017|Актуелно, Свет|