Анти-мигрантските политики на Трапм кон децата бегалци ја разгореа јавноста

Администрацијата на Трамп со политиката на „нула толеранција“ за оние мигранти кои ја поминуваат американската граница нелегално, постојано го зголемува бројот на деца задржани во притвор и ги одделува од нивните родители, објави Вашингтон Пост.

Американскиот оддел за здравствени услуги објави дека бројката на деца задржани во притвор во вторник била 10,773 или 21% повеќе од 8,886-те деца кои биле задржани еден месец претходно. Овој феномен се појавува по новата тактика која ја усвои администрацијата на Трамп – кривично да го гони секое лице кое ја поминало американската граница нелегатно, што подразбира разделување од нивните деца, доколку тие ги придружувале во моментот на приведување.

Останува нејасно колку од 10,773-те приведени деца всушност биле насилно одделени од своите родители. За пратениците на едно сослушување минатата недела службено лице од Царина и безбедност на границата изјави  дека во рамки на мерката на „нула толеранција“ 658 деца биле одделени од 638 возрасни лица помеѓу 6-ти и 19-ти мај. Возможно е многу од останатите деца да пристигнале на границата непридружени. Тие деца се типично задржани од страна на владата пред да бидат сместени кај „спонзори“ – обично родителите или најблиските роднини.

Засолништата во кои се приведени децата се со 95% исполнет капацитет, но се очекува да се зголемат со илјадници нови легла во наредните недели, според она што го изјави лице од Министерстворо за здравство за Вашингтон Пост. За сместувањето на децата-мигранти, ХХС се потпира на „постоечка мрежа од приближно 100 засолништа во преку 14 држави.“

Министерството за здравство според некои информации имало во план да сместува деца мигранти на воени бази, но еден претставник на службата за Пост изјави дека таа мерка се разгледува како „последна опција“.

Администрацијата на Трамп е под оган во последниве недели поради нејзините политики кон мигрантските деца. Политиката на разделување на семејства предизвика жестоки реакции, особено бидејќи шефот на кабинетот на Белата куќа, Џон Кели ги отфрли обвинувањата дека оваа политика е „сурова“ во неодамнешно интервју.

„Децата ќе бидат згрижени, ќе се дадат на посвојување или како и да е. Но она што е важно е дека тие избрале нелегално да влезат во Американските Држави, и ова е техника што се надеваме дека нема да мора да ја користиме уште многу долго“, рече Кели.

Гневот што го предизвика ова прашање ја достигна својата точка на вриење минатата недела, кога повторно се популаризираше вест стара еден месец која ги поттикна критичарите на Трамп да ја  нападнат владата за тоа што им се изгубила трагата на 1,475-те мигрантски деца кои пристигнале сами на границата.

Oдделувањето на децата од своите родители и имиграцискиот притвор во Америка се спроведувал и во минатото, далеку пред да започне Трамп. Тоа е една од главните одлики на капиталистичките империјалистички агресии.

Имиграцискиот притвор во САД започна во 1890-те години на островот Елис. Администрацијата на претседателот Роналд Реган дополнително реагираше на масовната миграција на барателите на азил кои пристигнаа со чамци од Хаити со воспоставување на програма за забрана (односно, да се пресретнат и да се претресат одредени бродови за кои постои сомневање дека превезуваат недокументирани луѓе од Хаити).

Бидејќи бројот на недокументирани имигранти кои бегале од економски и политички услови се зголемил, администрацијата на Џорџ Херберт Буш, се обиде да најде регионална локација за да се справи со приливот на бегалци и мигранти. Високиот комесар за бегалци на Обединетите нации договори неколку земји во регионот – Белизе, Хондурас, Тринидад и Тобаго и Венецуела – привремено да обезбедат безбедно место за мигрантите; сепак, крајбрежната стража стануваше се’ повеќе пренатрупана од држење на стотици бегалци, а до 18 ноември 1991 година, САД насилно вратија 538 луѓе во своите домови на Хаити. Бидејќи опциите за безбедни засолништа во трети земји во регионот се покажаа како несоодветни за големиот број Хаити кои ја напуштија својата земја, крајбрежната стража ги однесе во американската поморска база во Гвантанамо, Куба, каде што беа припремани за азил во Обединетите Држави.

Задолжителниот притвор потоа беше официјално одобрен од страна на претседателот Бил Клинтон во 1996 година со донесувањето на законот за  антитерроризмот, ефективната смртна казна и илегалната реформа на имиграцијата и одговорноста за имигрантите. Од 1996 до 1998 година, бројот на имигранти во притвор се зголемил од 8.500 на 16.000, а до 2008 година тој број се зголемил на повеќе од 30.000. Според проектот на „Глобален притвор“, Соединетите Држави го поседуваат најголемиот систем за притвор за имиграција во светот. Во 2003 година, американската агенција за имиграција и царини (ААИЦ) беше формирана под Одделот за домашна безбедност. ААИЦ ги спроведува законите на САД за имиграција и царини, ги користи истражните техники за апсење и притвор на осомничени кои ги кршат законите а потоа депортира многу од овие лица. Канцеларијата за притвор и отстранување операции (КПОО), сместена во рамките на ААИЦ, го надгледува притворот и депортацијата на имигрантите притворени од страна на ААИЦ. Во моментов, ААИЦ притвора имигранти во петнаесет центри за притвор (вклучувајќи приватизирани објекти), во државни и локални затвори, центри за малолетници и во засолништа.

Извор: businessinsider.com

| 2018-06-21T13:01:04+00:00 21 јуни 2018|Актуелно, Вести, Свет|