Активистите на Водно соочени со закани од страна на изведувачите, апел до граѓаните за солидарност

Активистите и демонстранти коишто се поставија како жив ѕид пред механизацијата на изведувачот на Водно, упатуваат апел до граѓаните на Скопје и Македонија да им се придружат во протестот. Во овој момент, демонстрантите на Водно се соочуваат и со закани од страна на менаџерскиот тим на изведувачот. Иако, еден од управувачите на багерот одбил да ја послуша наредбата на неговиот претпоставен и да продолжи со работа дури и по цена на „газење“ на демонстрантите, сепак опасноста постои. Потребна е масовност за овој протест, со што граѓаните се повикани да се придружат.

Исто така на фејсбук страницата на иницијативата, објавија дека на екипата на една од националните телевизии, ТВ Алфа, им е забранет пристапот до Водно.

|2018-08-29T14:41:54+00:0029 август 2018|Актуелно, Вести, Некатегоризирано|