Џереми Корбин: лидерот кој ја живна Лабуристичката Партија во Британија

Тој никогаш не беше „ѕвезда“ политичар. Не беше ни многу млад лидер како Алексис Ципрас. Шеесет и шест годишниот Корбин, со својот смирен стил на говорење, цело време го држеше својот опозициски идентитет со едната нога во парламентот и едната на улица.

Пред две години Лабуристичката Партија беше во потрага по еден нов лидер. Корбин немаше намера да влезе во трка за ова лидерство. Меѓутоа, откако сфати дека, ниту еден од кандидатите за лидер на партијата немаат левичарски став, тој си ја промени идеата.

За да стане официјален кандидат на партијата, потребно беше најмалку 35 од пратениците на Лабуристичката Партија да го дадат својот потпис.

Во тој период се сметаше дека, Корбин тешко би дошол до толкав број на потписи.

Според утврдениот краен временски рок за давање на потпис, на 15 Јули 2015 година, Корбин го достигна прагот на потписи од 35 пратеници во последните две минути од крајниот рок.

Дел од 36те пратеници кои го дадоа својот потпис за Корбин, иако поддржуваа други кандидати, гласаа за Корбин со цел овозможување на една демократска конкурентност.

Меѓутоа, некои од овие пратеници се покајаа за својата одлука, дури поранешната министерка за надворешни работи Маргарет Бекет себе си се нарече „морон“, поради дадениот потпис.

Палестина, ЛГБТ, студентските протести и протестите во Ирска

Корбин, откако работеше во некои сендикати, влезе на парламентарната политичка сцена во 1983 година, кога за првпат беше избран за пратеник од Северен Лондон. Тој стана еден од најлевичарските имиња во Лабуристичката Партија и зазема место во различни кампањи со различна содржина.

Корбин беше еден од челните луѓе на кампањата против режимот на Апартхејдот во осумдесетите во Јужна Африка. За време на еден бунт во 1984 година, тој беше приведен.

Исто така, како член на Амнести Интернешнл, се занимаваше со кампањата за судење на поранешниот диктатор на Лиле, Аугусто Пиноче.

Корбин е член и на Палестинската кампања за солидарност. Зазема место во повеќе активности во врска со Палестина, а во парламентот стана еден од најактивните пратеници во врска со Палестина.

Во една негова репортажа на ТВ каналот Channel 4 ,  тој ги нарече Хамас и Хезболах „пријатели“, што пак предизвика бурни реакции во јавното мислење.

Корбин се залагаше за прекин на санкциите кон Иран, како и за отпочнување на еден политички процес за укинување на нуклеарното оружје на Израел.

Ги поддржа предлозите во парламентот во врска со правата на животните, а придонесе и со поддршка кон граѓанските иницијативи.

Тој беше активен и во поддршката на бранење на правата на ЛГБТ заедницата. Во 1998 година Либералната Демократска Партија во парламентот даде предлог за промена на законот со кој се предвидува прекин на хомофобична дискриминација, Корбин беше едниствениот пратеник од Лабуристичкта Партија кој гласаше за овие промени.

На студентските протести против плаќање на школарина во периодот на 2000тите години, Корбин застана на страна на студентското движење.

Тој со години привлекуваше внимание со својот став во врска со Северна Ирска, залагајќи се за Обединета Ирска.

Во 1984 година тој во Лондон го прими лидерот на Шин Феин, политичкото крило на ИРА (Ирска Републиканска Армија), Гери Адамс. Оваа средба предизвика реакции кај конзервативните пратеници, но и кај пратниците на Лабуристичката Партија.

Корбин учествуваше во кампањите во врска со обвинетите за организирање на бомбашки акции во `80тите години во име на ИРА, а кои пак ги негираа обвинувањата.

За време на владеењето на Лабуристичката Партија помеѓу 1997 – 2010 година, Корбин често беше со опозициски ставови во однос на партиските политики.

Најголем опозициски став покажа во врска со војната во Ирак.

Тој се спротивстави на воените интервенции во Авганистан и Ирак и зазема место во анти – воените кампањи. Зазема место меѓу раководството на Коалицијата Стоп за војната (Stop the War Coalition).

На протестот кој истовремено се случи во повеќе држави на 15 Февруари 2013 година, а кој се смета за најголемиот протест во историјата на човештвото, Корбин зазема важна улога во организацијата на демонстрациите во Британија.

Исто така, тој е еден од 12те пратеници, кои во парламентот во 2006 година упатија повик за започнување на истрага во врска со војната во Ирак.

Џереми Корбин активен и во борбата во други држави

Џереми Корбин беше активен и надвор од неговата држава. Покрај активностите во кои зазема место за Палестина, тој беше активен и во сродни активности во Турција.

По државниот удар во Турција од 1980 година, заедно со набљудувачка екипа, Корбин дојде во Турција со цел, истражување на прекршувањата на правата во затворите, како и следење на судскиот процес Фатса.

Корбин беше на некој начин спречен да го следи овој судски процес од страна на властите, па од Амасја замнина во Анкара, кадешто го следеше главниот судски процес Револуционерен Пат (Devrimci Yol). Инаку, за потсетување, по државниот удар во Турција од 1980 година, Воените судови отворија голем број на политички судски процеси, кадешто неправедно беа осудени десетици илјади лица.

Џереми Корбин зазема место и во делегацијата, која во 2010 година во Турција го следеше судскиот процес КЏК (KCK – Единство на Курдистанските Заедници).

На 22 Октомври 2010 година, во колумна за весникот Морнинг Стар, Корбин ги напиша своите ставови произлезени од набљудувањето на овој судски процес.

„Без присуство на ПКК и Оџалан, невозможно е доаѓање до решение на мировниот процес“, истакна тој во својата колумна.

Тој исто така, во 2013 година во Британскиот парламент, беше еден од иницијаторите и водачи на активности во насока на донесување на одлука, да се признаат како „геноцид“ нападите врз курдите во Ирак во 1988 година.

Потписник на текстот „Писмо за Гези Парк“ до Ердоган

За време на протестите Гези во 2013 година во Истанбул, Корбин беше еден од потписниците на текстот објавен во Financial Times, под името: „Отворено писмо до премиерот на Турција“.

Потписниците во писмото, меѓу кои имаше и филмски имиња како, Сузан Сарандон, Дејвид Линч и Шон Пен, упатија осуда, дека турската полиција „насилно ги задуши“ протестите, кои започнаа на плоштадот Таксим и паркот Гези во Истанбул, а наскоро се проширија низ целата држава.

Исто така, во писмото организираните митинзи на Реџеп Тајип Ердоган, насловени како „Почит кон националната волја“, беа окарактеризирани и споредени со митинзите вофашистичка  Германија за време на владеењето на Адолф Хитлер.

Предизборните ветувања на Корбин

Лабуристичката Партија, која првпат влезе во изборна трка под лидерство на Џереми Корбин, на народот ги даде следните ветувања:

  • Ставање крај на политиките за штедење и да се направат големи инвестиции во јавниот сектор.
  • Потпишување на договор, кој ќе ги земе предвид економските и животните стандарди за време на процесот на „Брегзит“, како и заштита на правата на граѓаните, на Британците кои се наоѓаат во ЕУ, и на граѓаните на ЕУ, кои се наоѓаат во Британија.
  • Експропријација во железницата, поштите, секоторите за водоснабдување и електрична енергија.
  • Минималната плата до 2020 година да се искачи на 10 фунти за еден час работа.
  • Зголемување на даноците за оние чиишто годишни приходи надминуваат 80 илјади фунти.
  • Инвестиции во Британската економија со пакет за освежување од 250 милијарди фунти.
  • Инвестиции во транспортниот систем од 40 милијарди фунти до 2020 година.
  • Укинување на студентската школарина во Универзитетите.
  • Ограничување на основните паралелки на 30 ученици и овозможување на бесплатен оброк за нив.
  • Повлекување на сите досегашни приватизации во здравството.
  • Градење на 100 илјади живеалишта годишно, а за бездомниците обезбедување на дополнителни 4 илјади живеалишта.
  • Возраста за право на глас, да се намали на 16 години.

Лидерот на Лабуристичката Партија, Џереми Корбин, ја критикува Конзервативната Партија, дека „штеди на безбедност“.

Тој вели дека, во разузнавачките и безбедносни служби ќе бидат примени ушт илјада лица. Според Лабуристичката Партија, разузнавачките служби треба да зајакнат, меѓутоа овластувањата треба да бидат „пропорционални“.

Целиот текст е пренесен од Би-Би-Си на турски јазик, а истиот може да се најде на следниот линк: http://www.bbc.com/turkce/haberler-dunya-40198324#

 

 

 

 

 

 

|2017-06-13T13:54:30+00:009 јуни 2017|Актуелно, Свет|