„21 ВЕК СМЕ“ (Или, зошто оваа фраза во политичка смисла е бесмислена)

  1. Историската наука вели дека првите држави потекнуваат од пред шест милениуми.
    Ако со појавата на државите ја врземе појавата на класното општество ќе згрешиме.
    Затоа што класите својот зародиш го имаат уште од првото присвојување на средствата за производство и вишоците на трудот од страна на племенските водачи од периодот на човековата историја за која не постојат пишани документи. Но за потребите на разгледувањето на често користената фраза во политичките дискусии „21-век сме“, ајде да сметаме дека класите т.е поделбата на луѓето во претежно две групи, видливо различни по бројност и моќ, групи на владеачи и владеани, постои од пред 6 милениуми. Класното општество продолжува да биде сржта на општествено економските односи и во овој нов век и милениум, што го прави 21-виот век само прв век на седмиот милениум класно општество, општество на владеачи и владеани, експлоататори и експлоатирани, угнетувачи и угнетувани.Смее ли да и се замери на човековата желба и потреба да се верува и очекува од новиот век да носи нешто, понапредно, подобро, поцивилизирано. Секако дека на таквата желба и потреба не треба да се замерува. Но кога „21 век сме“ станува политички аргумент број 1, тогаш има што да се замери. Идеалистичкото верување на либералната младина и транзициската зрелост под палката на класното општество офарбано како граѓанско, го постави календарот сам по себе како побитен или единствено битен фактор за расудување, дури и кога се расправаат политички теми.
  1. Рим, Берлин, Лондон и даље на Запад

ЕУ лидерите во РИМ, на прославата 60 години од основањето на ЕЕЗ

„Не ми зборувај за класи, буржоазија, работничка класа, капитал, труд, експлоатација…21 век сме“ – знаат често да поентираат луѓето кои се ограничени на пропагандата на граѓанското општество. Но, ајде да им удоволиме на овие, најчесто високо образовани апологети, и да ги оставиме класите на страна, а да видиме што вели реалполитиката низ историјата и меридијаните.

“Реал-политиката ги обликува општествените процеси и политичките односи, а не класната борба“- знаат често да додадат пообразованите свесни или несвесни апологети на граѓанското општество, кое признале или не, и натаму е класно.
Реал-политиката ако својата валидност ја вади од „теоријата на сила“ или „правото на посилниот“, тогаш си го поставуваат ли прашањето поклониците на реалполитик дискурсот во политичката сфера „од каде произлегува силата на државите кои ги обликуваат меѓународните односи“.
Ако си го поставиле тоа прашање, одговорот е едноставен. Имено, силата произлегува од капиталот кој го поседуваат овие земји, и којшто капитал преку корпорациите го оплодуваат користејќи ги ресурсите на целата планета. Индустриската револуција која се одвиваше во класно општество ја издигна Британската империја на ниво на светска сила која може да го контролира целиот свет. Двете светски војни на европско тло ја обезвластија ерата Pax Britanika, а ја овлстија ерата Pax Americana.

„21 век сме“

Наместо воено-политичката каста на Стариот Рим, или аристократијата и буржоазијата на Британската империја, денес ги имаме пријателите од „меѓународната“, гаранција на стабилноста и безбедноста САД и пријателите дипломати од Германија и преостанатиот втор ешалон собран во еконоскиот покровител ЕУ.

„21 век сме“.

Барањата и потребите на владетелите, не се спроведуваат со меч и казна, туку како „неопходни реформи“.И не се спроведуваат со крвав меч на римски прокуратор или барут на британски колонијален намесник, туку со ненасилна револуција заверена на фер и демократски избори,  меѓу милионерски партии или партии на лидери  милионери. Овие партии, задолжени за разиграно но диригирано граѓанско општество,
дури рушат режими со пенкало, но режимот не се менува по вид, туку само по боја.

 

 

  1. Да живее Никола Заев! Да живее СДСМ ДПМНЕ!

Груевски со група инвеститори во бизнис рајот и работничкот пекол Македонија

Првите две децении на 21-виот век во Македонија донесоа двете револуции. Граѓанското општество е до толку плурално во идеите на незнаењето, па овие предизборни пропаганди и се продадоа како револуции.

Зошто и поради што револуции?

Затоа што најтешките одлуки треба да ги влечат популарни лидери. За да се замаскираат престојните погубни политики на квислиншките партии, потребна е револуција за граѓаните да почуствуваат дека тие одлучуваат.

 

 

Посакаа пријателите од ЕУ најнизок данок на профит за нивните корпорации, со стандарно ефтина работна сила. Место ферман од Брисел – добивме портокалова револуција. Груевски, економскиот патриот ја воведе неопходната реформа- најнизок данок во Европа, 10%, плус рамен корпоративен данок, плус државни субенции. Народот задоволен, први во дуинг бизнис сме! Земјата се задолжува, народот се иселува. Тоа се бенефитите на слободниот проток на капитал, стоки, услуги и човечки ресурси, тотемот на отвореното граѓанско општество.

 

Воени буџети на водечките земји во 2016 година

 

2. Имаат потреба пријателите од САД да го заокружат нивниот воен сојуз и со ова парче земја, но да не ги налутат околните партнери квислинзи.

Добивме нов економски месија, насмеаниот Заев. Овојпат преку шарена револуција.

Дадовме чесен братски збор за бришење на изразот фашистички окупатор од споменици. Ќе менуваме учебници- окупација немало, тоа е комунистичка измислица. Отидовме и чекор понапред… МПЦ побара признавање мајчинство од БПЦ.

 

  1. Империјализмот не ги одминува ни идентитетските прашања

20 век заврши со името, 21 век почна со името.

Грција отсекогаш била многу битна географска точка за Западот и затоа речиси секогаш била во негови раце.

Правото на самоопределување на народите мора да отстапи пред реалполитиката.

Името влегува во својата најкреативна фаза, последна одлучувачка, правосилна и извршна фаза, затоа што владетелите имаат побитни работи, решавање на Блискиот Исток, Источна Европа и Западен и Југозападен бивш СССР, Јужна Америка, Африка…

Последната деценија на 20-тиот, и првите две децении на 21-виот век, не ја убија само македонската економија. Овие три децении ја здробија кичмата на самата држава и самиот народ. Додека се распродаваа јавните добра, јавниот имот, претпријатија, фабрики, природни богатства и ресурси, озаконетиот грабеж беше претставен како транзиција кон западниот тип на капитализам. Додека се претвораме во држава, работнички пекол, а бизнис рај, сето тоа е за доброто на работничката класа, странските инвестиции значат отворање нови работни места. Последно, меѓународната заедница си поигрува со идентитетски прашања, без да ги искара своите квислинзи кога во своите пропагандни алатки ги користат опасните чувства за големодржавни стремежи.

„21 век сме“. Го нема стремежот на просветителтвото и борбата за народно ослободување на 19-тиот век.
„21 век сме“. Ја нема борбата на масовните партии на работничката класа од 20-тиот век против националното, расното, класното и социјално угнетување.

За сите кои одбиваа да бидат носени на ветрот на пропагандата, 21 век започна како бреме. Како да се објасни на “не ме интересира политика“ со “ама се’ е политика“ беше првата препрека. Материјалните околности, самите факти на бивањето колонија, ја премостија првата препрека. Кога народот, притиснат од околностите, нужно се политизира, владејачите, локални и глобални, ги пречекуваат владеаните со следна брана која вешто ја изградиле. Тоа е ревизијата на историјата и бришење на стремежите и искуствата од колективната меморија на работничката класа.

Македонија прифати ревизии и бришења. 21 век во Македонија го заборави НОБ, ПОМ и АСНОМ. Гордоста на македонските комунсти, СР Македонија, сега е срам за буржоаските партии кои ја водат Македонија кон бездната.
Останува уште колективната меморија, искуството на секој македонски работник, без оглед на националната припадност, искуство за тоа како живеел во братството и единството, со сите негови доблести и мани, а како живее сега при „релекасирани меѓуетнички односи“ и „соживот“ во отворена пазарна економија на колонија.

Нема кој да не’ спаси, освен самите себе…

Автор: Зоран Василески