Хуманитарни акции во Социјален центар „Дуња“

На 14.4.2020 година (денес) во Социјалниот центар „Дуња“ на улица „Рајко Жинзифов“, број 22 се одржа хуманитарна акција за собирање на основни прехрамбени и хигиенски продукти за најсиромашните – граѓаните кои живеат од собирање пластика од контејнерите, кои немаат топол дом во цврста градба, социјално исклучените.

Се направија и поделија 30 пакети со храна и намирници, а акцијата ќе продолжи и во наредните неколку дена. Тие ќе се доставуваат кај загрозените граѓани кои се оставени сами на себеси под мостот кај хотел „Континентал“. Овие акции ќе продолжат и во иднина затоа што должност е на секој човек да се грижи за послабиот. Активистите кои се желни за промени и поддршка на најслабите изјавија дека и во иднина ќе доставуваат вакви пакети до оние на кои што им се најпотребни.

Доколку сте во можност да донирате вакви пакети со храна и хигиенски продукти, слободно контактирајте го Социјалниот центар „Дуња“, човечка должност е грижата за послабиот.

|2020-04-15T00:03:28+00:0014 април 2020|Актуелно, Вести|