Кинотека на Македонија ја отвори дигиталната архива на филмови

„ДАЕ“, „Тетовирање“, „Џипси Меџик“ и „Среќна Нова ‘49“ се три од повеќето дигитализирани филмови кои можете да ги погледнете бесплатно и достапно на интернет откако Кинотеката на Северна Македонија одлучи да ги отвори своите дигитални архиви со цел спречување на пандемијата на КОВИД 19 и пополнување на времето на сите нас кои треба да седиме дома и да се изолираме од другите.
Редакцијата на „Гласник“ го поздравува овој гест и посакува во иднина сите филмови да добијат дигитална верзија која ќе биде секогаш достапна на интернет за да може македонската јавност да ги гледа најважните наши филмови и да го креира својот светоглед.

Филмовите можете да ги погледнете на следниот линк: http://maccinema.com/info/splash.html?fbclid=IwAR2PS9OAcTrewaW0FfcEn5du7SVw6tQA8_T-jLBxGQa6skT6owA43ReQqEg

Имајте убави денови во изолација.