Неофицијално: во фабриката „11 октомври“ се кршат работничките права

 

Според информации од членови на раководството на политичката партија Левица во фабриката „11 Октомври“ веќе десетина месеци работниците немаат добиено плата и надоместоци.

Во Македонија, работничките права  од 1991 година наваму систематски се кршат и намалуваат, а работниците се перцепираат како робови на работодавецот.

Законските процедури за формирање на синдикални здружувања се комплицирани и ја отежнуваат и така тешката позиција на работниците коишто не се во можност да седнат на преговарачка маса со сопствениците и менаџментот на фабриките. Постоечките синдикати наместо отпор, соработуваат со сопствениците и менаџментот во газењето на работничките права.  Од друга страна работниците немаат никаква поткрепа од државните  институции. Дали трудовиот инспекторат  конечно ќе преземе нешто со ситуацијата во фабриката „11 ОКТОМВРИ“?

 

 

 

 

 

 

 

| 2017-05-23T12:36:37+00:00 8 мај 2017|Вести|